Полициски билтен: пријавени физички напади, приведен возач, автомобилот одземен

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во ОВР Прилеп за два дена биле пријавени неколку физички напади, а денеска сообраќајната полиција привела возач кој управувал без дозвола и го одзела возилото:

На 23.02.2026 во 03:30 часот во ОВР Прилеп, Б.Р.(19) пријави дека околу 01:00 часот на излез од угостителски објект бил физички нападнат од Д.С. од Прилеп, кој употребил и стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 23.02.2026 во 02:20 часот во ОВР Прилеп, Н.С.(19) од Прилеп пријавила дека  околу 01:30 часот на ул.„Марксова” во Прилеп била физички нападната од А.М. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 22.02.2026 во 18:10 часот во ОВР Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода З.С.(59) од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава од неговата 50-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 23.02.2026 во 04:30 часот на ул.„Трајко Сандански“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Б.(36) од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило. Тој е задржан во Полициска станица Прилеп, а возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пожари во Прилеп и во долненско-изгореа 850 тони сточна храна и земјоделска механизација

Во еден ден, вчера во Прилеп и во долненско Локвени регистрирани два пожари во кои е предизвикана значителна материјална штета, повредени лица нема, информираат од СВР Битола: На 22.02.2026 во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар на настрешница, сопственост на А.Т.(39) од с.Локвени.  Од...

Планирани прекини на електрична енергија во повеќе населени места

Регионалниот центар за управување со кризи информира за најавени – планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе населени места за деновите 25 ти , 26 ти и 27 ми февруари 2026 та: – ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА на 25.02 2026 год. (среда) од 09.00 ч. до 15.00...

Прочка симболот на простување и ритуал на АМКАЊЕ јајце во Прилеп

Прочка е симбол на преминот од зима во пролет, и таа е поврзана со простувањето. Помладите од постарите бараат простување ако згрешиле нешто во текот на годината, хиерархиски подредените бараат прошка од тие што се хиерархиски повисоко на социјалното скалило. Така, вечерва помладие ќе побараат прошка од постарите со зборовите...