Полицијата пронашла наркотици кај неколку прилепчани на различна локација.
На 26.02.2026 во 00:10 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.К.(45) од Прилеп затоа што при преглед кај него и во неговото патничко возило била пронајдена грутчеста материја.
Исто така, на 25.02.2026 во 10:55 часот на ул.„Наум Наумоски Борче” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.В.(34) и Б.Б.(41), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.
По документирање на настанот против овие лица ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Битола.









