Почнува историското Светско фудбалско првенство

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Време е за фудбалска треска. Вечерва започнува Светско фудбалско првенство какво што никогаш порано не сме виделе.

Мундијалот во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја беше првиот организиран на територијата на повеќе земји. Претстојниот за прв пат ќе се игра во три земји, САД, Мексико и Канада.

Мексико ќе стане првата земја што три пати ќе биде домаќин на Светското првенство, САД првпат беше биде домаќин во 1994 година, додека Канада ќе го има своето деби како организатор.

Ќе се игра на 16 стадиони во 16 градови, два во Канада, три во Мексико и 11 во САД. Поради огромните растојанија меѓу градовите домаќини, предизвикот за многу тимови ќе биде макотрпното патување. Некои ќе мора да патуваат и до 5.000 километри за време на групната фаза.

39 дена фудбал и 104 натпревари

Ова ќе биде најмасовното Светското првенство бидејќи од 32 се зголеми на 48 репрезентации учесници.

Како резултат на тоа, вкупниот број на натпревари на првенството се зголеми од претходните 64 на 104, додека времетраењето на Светското првенство е продолжено од 32 дена на 39.

Идните светски шампиони се соочуваат со долг и потежок пат до врвот – од 1.коло од групната фаза до победничкиот подиум (финалето), идниот шампион ќе мора да мине осум пречки.

48-те учесници се поделени во 12 групи од по четири екипи, а двете првопласирани директно одат во следната фаза. Во неа ќе има место и за осумте најдобро трето рангирани.

Светското првенство официјално ќе започне вечерва во 21:00 часот по средноевропско време. Мексико и Јужна Африка ќе се сретнат во првото коло од групата А на познатиот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити.

Титулата од пред четири години, ќе ја брани Аргентина предводена од Лионел Меси.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Менувачница од Виница свртела 10 милиони евра, половина од прометот во Македонија…

Менувачкиот бизнис во Македонија и натаму останува профитабилен сегмент од финансискиот пазар. Анализата на Пари, изработена врз основа на податоците на Бизнис мрежа, покажува дека 195 менувачници во текот на минатата година оствариле вкупен приход од 18,7 милиони евра и добивка од 1,2 милиони евра. Иако приходите пораснале за 12,8 проценти во споредба со 2024 година, профитот

ПЗУ „Св. Никола“ – Специјализирана ординација за ехо дијагностика и доплер на крвни садови

ПЗУ „Св. Никола“ Специјализирана ординација за ехо дијагностика и доплер на крвни садови УСЛУГИ ЗА ЕХО ДИЈАГНОСТИКА: Ехо на тироидна жлезда Ехо на дојка Ехо на абдомен Ехо на уринарен тракт (бубрези и мочен меур) Ехо на простата Ехо на меки ткива Специјалистичка консултација ПАКЕТИ: Ехо на тироидна жлезда + Ехо на дојка; Ехо на

Свечено отворени просториите на „Школа за убавина Арт“ во Кочани

Со свечено отворање на новите простории на улицата „Кеј на Револуцијата“ бр. 14, „Школа за убавина Арт“ официјално го започна своето работење во Кочани. По осум години успешно функционирање во Скопје и повеќе од 10.000 обучени курсисти, школата го проширува своето делување и во источниот регион на државата. На настанот присутните имаа можност да се