Почна доградбата и реконструкцијата на ООУ „Синиша Стоилов“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Во општина Зрновци започна нов значаен инфраструктурен проект – доградба и реконструкција на основното општинско училиште „Синиша Стоилов“. Проектот се реализира со финансиска поддршка во висина од 5.406.429 денари, обезбедени преку соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион.

Официјалниот почеток на работите беше означен денеска во присуство на директорот на Центарот, Трајче Здравков, директорката на училиштето Слаџана Гаврилова, како и претставници од надзорниот орган. За изведувач на градежните активности е избрана компанијата „Мак Бис Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје.

Како градоначалник, мојата најголема обврска е да обезбедиме подобри и поквалитетни просторно-образовни услови за нашите ученици и наставници. Образованието е темел на развојот на општината и иднината на младите,“ изјави градоначалникот Борчо Коцев за Радио Кочани при воведувањето на изведувачот во работа.

Со реализацијата на овој проект се очекува значително унапредување на условите за учење, што претставува уште еден чекор напред во заложбите на општината за создавање на современа, безбедна и мотивирачка средина за образование.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот