По протестите-скратен е рокот за реконструкција на двата моста од регионалниот пат Прилеп- Крушево

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се скратува временскиот период за реконструкција на двата моста на регионалниот пат кон Крушево кај селото Врбјани.  На денешниот состанок по барање на градоначалникот на општина Кривогаштани Никола Мискоски, со претставници од изведувачот Стентон Градба, надзорот и претставници од Јавното претпријатие за државни патишта е договорено градежните работи на два двата моста да завршат до 25 ти мај, наместо неколку месеци како што било предвидено. До тогаш сообраќајот на овој регионален пат ќе се одвива по локалната патна мрежа која ги поврзува селата Кадино село, Галичани, Боротино со Кривогаштани.

Од утре, четврток, 8 ми мај од 12 часот регионалниот пат се затвора за сообраќај во двата правци. На денешната средба по дводневните протести се изнајде заедничко решение со кое изведувачот Стентон градба треба да заврши со градежните работи на двата моста до 25 мај. Веќе од утре екипи на изведувачот ќе го тампонираат алтернативниот пат од Галичани до Кривогаштани со цел побезбедно одвивање на сообраќајот по таа алтернативна локална патна мрежа, рече Никола Мискоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

Жителите на селата од општините Кривогаштани, Крушево и Прилеп кои секојдневно патуваат на овој патен правец подолго време трпат штети од долготрајните градежни работи кои започнаа минатата година. Без привремен алтернативен пат над 10 илјади граѓани не можат да ги обавуваат секодневните обврски, а за патување по постоечката локална патна мрежа во ризик е ставена нивната безбедност бидејќи станува збор за тесни и руинирани патишта.

Градежните зафати на мостовите меѓу селата Врбјани и Кривогаштани според планираното опфаќаат поставување на бетонски плочи и заврстување на „трупот“ од регионалниот пат кој што понира.

Реконструкцијата на дел од патната делница Прилеп-Крушево започна во јуни минатата година. Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со Стентон Градба „Санација на трупот на патот на Р1306, делница Прилеп – Крушево (Кај Славеј) во април 2024. Периодот кој што е предвиден за санација на овој регионален пат е според договорот е 36 месеци. Вредноста на склучениот договор со ДДВ е 88.498.657 денари или 1 439 000 евра.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Прилеп одбележан 7 ми мај Денот на македонската полиција

Во Одделението за внатрешни работи во Прилеп, во полициската станица денеска по повод Денот на македонската полиција – 7 Мај се одржа прием и отворен ден за  граѓаните. Во кругот на полициската станица беше изложен дел од возниот парк и опремата со која располага македонската полиција,  а посебно ова беше...

(ВИДЕО) Над 300 модни дизајни на изложбата „Моден дизајн” во СОУ Ѓорче Петров

Учениците од текстилно кожарската струка при СОУ Ѓорче Петров – Прилеп  , на свој креативен начин , создадоа изложба со наслов “Моден Дизајн” под менторство на професорката Јулиана Поповска а со тоа направија спој на современото и модерното, инспирацијата и техниката и замислата и иднината ..Околу 300 модни креации го...

(ВИДЕО)Ристовски: готов е проектот за реконструкција на Универзалната сала, следат административни процедури

Јавноста со нетрпение очекува решавање на неколку горливи прашања поврзани со спортските објекти во Прилеп за кои се бараат долгорочни решенија за спортистите и рекреативците да се вратат онаму каде што им е местото во спортската сала Универзална, комплексот Маркови Кули и спортската сала Македонија. Во програмата Радио што се...