По немилиот настан со бебињата – близнаци, прилепската болница одлучи со социјален работник да го надополни тимот во неонатолошкото одделение

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По смртта на бебињата близнаци од с. Славје и по инспекцискиот надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, прилепската полница одлучи да го надоплни тимот во неоноталошкото одделение да вклучи и социјален работник кој ќе ќе им помага на пациентите кои се во социјален ризик за навремено превенирање на сите дополнителни ризици.

На ден 23.01.2025 година, во ЈЗУ Општина болница со проширена дејност-Прилеп, се одржа состанок на Комисијата за интерна контрола на работата на здравствените работници во врска со случајот на починатите близначиња, формирана по барање на директорот, д-р Кире Јоноски. По разгледување на целокупната документација и околностите, беа донесени следниве заклучоци: Од прегледот на собраната медицинска документација е утврдено дека мајката го прекинала болничкиот третман на сопствено барање, за што постои нејзин потпис во соодветната документација. За време на болничкиот престој, новороденчињата биле третирани согласно принципите на медицината базирана на докази и во согласност со интерните процедури на неонатолошкото одделение, вклучително и нивниот испис на барање на родителот. Во најскоро време, потребно е да се ангажира социјален работник, кој ќе го засили тимот и ќе придонесе кон подобрување на севкупното функционирање на установата.“  информираат од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп

 

Две новороденчиња, близначиња, машко и девојче, стари 14 дена  починале на 16 јануари поради премерзнување.Здравствените работници што ги лекувале, ги испишале близначињата од болницата по барање на мајката, иако двете биле предвремено родени и со мала телесна тежина.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Друштвото за наука и уметност Прилеп во рамки на годишната програма  синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање на тема „Етиката на современиот истражувач во научните истражувања“. Предавачот, м-р Моника Талеска, докторанд на ФТУ-Охрид, член на Претседателството на ДНУ-Прилеп ги поттикна основните поенти на темата, што како одговори...

Матеј Чатлески ќе боксува на „Balkan Boxing” во Бор (ФОТО)

  Во новата боксерска сезона , 2026 , прилепската боксерска гордост Матеј Чатлески ќе учествува на Balkan Boxing , на 28 март овој месец со директен пренос на ArenaFight. По тој повод вчера во Белград беше одржана заедничка прес-конференција на која се обратија директорот на Arena Channels Group, Небојша Жугиќ,...