По дво неделниот распуст пратениците се враќаат на работа – се очекува формирање комисија за истрагата во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По двонеделната пауза поради трагедијата во Кочани, од утре пратениците се враќаат во Собрание. Според објавениот распоред на интернет страницата, во законодавниот дом веќе се закажани  неколку комисии.

Дел од јавноста бурно реагираше за ваквата одлука, па од Собранието известија дека пратениците работат но откажани се само пленарните седници и комисиите.

Во меѓувреме, од опозициската СДСМ за трагедијата во Кочани побараа формирање на анкетна комисија преку која ќе бараат утврдување на фактите, како и политичка одговорност за несреќата.

За Анкетната комисија, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат ништо против, но порачаа дека истата ќе биде проширена и со претходните трагедии.

Од ДУИ,  пак,  побараа парламентарна комисија која ќе го истражува начионот на кој се води истрагата. Оттаму ги повикаа Владата и МВР да дадат одговори  за работењето на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ која го обезбедувала ноќниот клуб.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за телевизија 24 вели дека форматот на комисијата не е толку важен. Според него, најважно е да комисијата да се одвива на транспарентен начин и да учествуваат повеќе политички партии. За двонеделната пауза во Собрание, Арсовски рече дека пратениците можеле само да ги откажат пратеничките прашања без да ја прекинуваат целосната агенда на Собранието.

Инаку, одлуката на Собранието да не заседава беше веднаш по истекот на седумте дена жалост за трагедијата во Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јавна трибина во Кочани – „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на...

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, во рамки на проектот „ Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во Општина Кочани “, соноќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани организираше Јавна трибина на тема: „Намалување на отпадот со цел заштита на животната

Вторник – приемен ден на градоначалникот на Кочани за консултација со граѓаните

Општина Кочани ја известува јавноста дека приемен термин на градоначалникот Владко Грозданов за консултација со граѓаните е вторник од 10 до 13 ч. За итни приеми – секој работен ден од 7:30 до 9 ч. Граѓаните што имаат потреба да остварат средба со градоначалникот треба да се пријават на портирница, на влезот во општинската зграда.

Се реконструира дел од улицата „Бел камен“

Во тек се активностите од првата фаза за реконструкција на улицата „Бел камен“. Изведувачот „Стентон градба“, работи на ископи на асфалтната површина, уличните рабници и на тротоарските површини. Следува ископ на каналски ров за поставување атмосферска канализација. Се работи на крак со должина од 280 метри и ширина 6 м. Реконструкцијата на улицата „Бел камен“