Перилепските одбојкари – ветерани до втора победа против Струмица

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во второто коло од одбојкарската лига на ветерани,  во Тетово екипата на 11октомври се сретна со екипата на Струмица. Преку , богатото искуство, добро организирана игра, меѓусебна координираност и желба за победа, прилепчани ја осигураа победата со 2:0 во сетови (25:18, 25:15).

Со оваа победа прилепските одбојкарски ветерани имаат две победи (од два одиграни  натпревари) и се на самиот врв на табелата од официјалната одбојкарска македонска лига за ветерани.

На денешниот натпревар за екипата на 11-ти Октомври играа: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Гоце Бурнески и Атанас Николоски.

Во третото коло  екипа на-11ти Октомври  е слободна, а во четвртото коло момците –  ветерани  играат против фаворитот во лигата,  екипа на Шкендија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Осогово ја декласираше Победа со неверојатни 1:8

Најубедлив резултат во 26. коло од Втората Македонска фудбалска лига се случи во Прилеп. Агонијата на прилепската некогашна гордост продолжува. Осогово не покажа милост за некогашниот гигант, Победа. Тимот од Кочани попладнево на Градскиот стадион Прилеп ја “торпедираше“ домашната екипа со неверојатни 1:8. Денеска и екипата на ФК Големо Коњари...

(ВИДЕО)Франкофонски настан во Прилеп: Француската култура младите ја негуваат и почитуваат

Дека францускиот јазик и култура обединуваат, зближуваат и навистина се јазик и култура на мирот, покажаа учениците од основните и средните училишта од Прилеп, Битола и Кривогаштани. Има толку многу симболи што Франција ја прават единствена: модата, мелодијата, храната…Токму овие обележја за пријателската земја ги претставија децата во срцето на...

Пронајдена античка статуа во дворот на црквата „Свети Никола“ во Чепигово

При градежни работи во дворот на црквата „Свети Никола“ во село Чепигово денеска е пронајдена статуа. Наводно статуата е пронајдена при туркање на тремот кој што е во план за реновирање. Станува збор за античка статуа за која што доправа НУ Завод и Музеј треба да истражи од кога датира....