Паулина Маказлиева: Македонка која е родена и живее во Велика Британија до медиумите и јавноста во Македонија за покренување на донаторска кампања за јавната болница во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод една година од големата трагедија, предизвикана од пожарот во дискотеката ПУЛС во Кочани, организирам хуманитарна акција во Велика Британија и Македонија, со цел да се обезбеди финансиска поддршка за Општата болница Кочани.

Мојата цел е да се поддржи болницата со потребните медицински материјали и подобра техничка опрема. Не е важно дали донираниот износ ќе биде голем или мал ‒ верувам  дека секоја донација помага и навистина може да направи промена и разлика.

Кампањата ќе започне во Велика Британија, каде што живеам јас, по пат на видеообраќање,  кое ќе биде креирано и  објавено на социјалните мрежи со поддршка на мои пријатели, кои се јутјубери, како и со поддршка на моите колеги од факултет, роднините и пријателите како во Велика Британија, така и во Македонија, а сите собрани средства ќе  бидат донирани  директно во Општата болница Кочани.

 

Промотивното видео со апел за собирање финансиски средства ќе биде објавено на 14 февруари, познат како Ден на вљубените. Во видеоапелот ќе објаснам зошто оваа кауза ми е важна.

Пред да го објавам видеото, ќе ја посетам детската болница во Вустер, Англија, каде што ќе поделам подароци на децата пациенти по повод Свети Валентин – денот на вљубените. Имајќи можност одблизу да се запознам со начинот на работа на болниците во Англија, забележав колку се добро опремени и поддржани од државата и општеството целосно. Споредувањето на овие болници со болниците од јавното здравство во Македонија ме натера да сфатам колку е голема разликата и колку подобар може да биде здравствениот систем  во Македонија со поголема поддршка од сите нас. Ова искуство ме мотивираше да преземам акција и да организирам кампања, која ќе ја подигне јавната свест и ќе даде придонес во подобрување на условите за работа во болницата во Кочани.

Собраните пари ќе бидат донирани во Општата болница Кочани со цел да се помогне во подобрувањето на условите, потребните медицински резерви и грижата за пациентите. Оваа акција за собирање финасиски средства, исто така, е начин да се сетиме на оние што беа погодени од трагедијата и сеќавањето на настраданите да биде насочено кон создавање позитивни и практични дејствувања во правец на подобрување на здравствените услуги во болницата, особено за оние што настрадаа во пожарот и сѐ уште им е потребна медицинска помош и нега.

Бидејќи активно се занимавам со спорт, неколку години наназад, и верувам дека спортот носи само позитивни вредности во едно општество, како продолжение на оваа кампања, планирам да организирам и добротворна трка во Македонија во текот на летниот период, кога ќе ја посетам Македонија. Тоа би им овозможило на луѓето да се соберат, да им оддадат почит на оние што ги загубивме и да продолжат да ја поддржуваат болницата во Кочани.

Го правам ова затоа што сакам да им помогнам на погодените семејства, на болницата, со цел барем малку да им го олеснам тешкиот период низ кој поминуваат сите заедно.

Искрено и длабоко ја сакам мојата татковина Македонија и ја разбирам болката на многубројните  настрадани млади луѓе и нивните семејства. Знам низ колку тешки моменти поминуваат и колку е тешко да се соочат со новата реалност и да ги продолжат своите животи, особено како некој што поминал низ лична трагедија и се соочил со загуба на близок член на семејството – мојот татко.

Тој ме научи да им помагам на другите секаде и секогаш кога ќе можам и да ја користам мојата креативност и сочувствителност за нешто значајно, што ќе направи промена. Ова е мојот начин да го направам тоа во чест на сите добронамерни луѓе, во мисија на кревање на свеста за правење општествено-корисни дела.

 

Со почит,

Носител на проектот

Паулина Маказлиева

тел. +44 7494 895530

pmakaz@icloud.com

 

Координатор за Македонија

Ксенија Маказлиева Трајчева

тел. 075 464 241

kdenijamk@yahoo.com

Ksenija.Trajceva@prodelo.com.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Родителите побараа одговор за присуство на цијанид кај нивните починати, доколку не го добијат за три дена – заминуваат пред Судска медицина

Доколку  во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции, родителите на почиатите во трагедијата во „Пулс“ денеска на 40. „Марш за ангелите“ порачаа дека ќе бидат присилени  да се соберат пред Институтот за судска медицина во Скопје и дека нема да заминат додека не добијат соодветен одговор. Како што нагласија во своето

14. вечер на македонскиот афоризам, две награди за Ристо Филчевски

Вечерва во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа финалето од 14. издание на  манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“, која во последните четири години пошироко се афирмираше под називот  АФКО. Организаторот, Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија, најпрвин овозможи читање на афоризми од сите присутни членови на „Репрезентацијата“, а потоа беа доделени наградите на најспешните

Граѓаните на Кочани можат да го селектираат текстилниот отпад во посебни контејнери

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината. Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите