Падна првиот снег, УХМР издаде портокалов метео аларм

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Паѓа првиот снег на Попова Шапка за оваа сезона. Шапка е обелена и покриена со првиот слој снег што може да се види од видео камерите .

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска издаде потрокалов метеоаларм поради очекувани обилни врнежи од дожд.

„Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка“, соопшти УХМР.

Најмногу снег се очекува на повисоките планини на северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Прилеп денеска се очекува највисоката дневна температура да достигне до 8 степени, а утре петок, само 6 степени максимална дневна температура.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре, петок на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.

Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе одат и во минус, а дневните ќе бидат во пораст.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...

СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени...