Осумдневно бебе од Прилеп донесено во прилепската болница без знаци на живот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Осумдневно бебе од Прилеп вчера било донесено на детското одделение во прилепската болница без знаци на живот. Родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето. Бебето починало, а прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет и нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

„Во 8,35 часот на 11 декември е пријавено дека на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, соопштуваат од СВР Битола.

Од Основното јавно обвинителство го потврдуваат случајот и велат дека е отворен предмет, зашто родилката се породила во прилепската болница и по два дена на нејзино барање си заминала со бебето.

– За случајот бевме известени во 8,10 часот вчера изутрината. На детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Наредив обдукција за да се утврдат причините за смртта на бебето. Побарана е целокупната медицинска документација за породувањето и за медицинскиот третман при раѓањето. По два дена од пораѓањето, родилката на нејзино барање била отпуштена. Ќе се врши вештачење. Во меѓувреме извршен е разговор со родителите и е направен увид во семејството“, вели основниот јавен обвинител Стевчо Биноски.

Семејството живее во периферната населба „Три Багреми“ во Прилеп и бебето било нивно трето дете.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обезбедена системска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“

Со потпишувањето на управниот договор за финансиска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“ обезбедено е долгорочно – системско решение. Имено, деновиве, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и партнерските општини потпишаа управен договор со кој се обезбедува финансиска одржливост...

Поетско-музичка манифестација „Љубов и вино“ во Цепенков

На 13 февруари 2026 /петок/ од 18.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп. – Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а...

„Љубење со стихови“ во име на љубовта и убавината -седмо издание во Прилеп

В сабота на 14 февруари од 20.00 часот,  во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење  со стихови“ во организација на Здружението ЗОКУМ. Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во...