ОСОМНИЧЕН И СОПСТВЕНИКОТ НА ОБЈЕКТОТ-МАГАЦИН ПРЕТВОРЕН ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ, ВКУПНО 46 ОСОМНИЧЕНИ ЗА КАТАСТРОФАЛНИОТ ПОЖАР

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата и за сопственикот на објектот-магацин пренамемет во дискотека „Пулс“ во Кочани, која работејќи без лиценца на 16 март изгоре и проголта 62 млади и животи на деца, а околу 200 се повредени, од кои 25 деца. Ова лице е осомничено како соизвршител за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Со ова, до овој момент, Кочанското обвинителство во врска со пожарот поведе истрага против вкупно 45 физички и три правни лица. Еден од нив, по отворањето на истрагата почина како последица на повредите добиени во пожарот и за него постапката запре.

Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/кабаре. Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост“, соопшти Обвинителството.

Отааму најавија обвинение во јуни за одговорните за трагедијата од невидени размери.

Извор: СДК

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од хуманитарната изложба „Трага во бесконечноста“ собрани 240 000 денари, средствата веќе се поделени

Од хуманитарната донаторска групна ликвна изложба „Трага во бесконечноста“  посветена на Сара Јорданова, средношколка,  една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи на 16 март минатат година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, собрани се вкупно 240 000 денари. Средствата на четири еднакви дела се поделени на три деца без родители од Кочани

Пет ученички-членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари најмали,а воедно најактивни и креативни учесници на обуката „Млади креатори на содржина“ одржана...

Пет ученички од 9 то одд. членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари беа дел од проектот „Млади креатори на содржина“ во организација на томот на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. Станува збор за ученичките Бисера Стоилова, Марија Ананијева, Ана Каранфилова, Магдалена Николова и Теодора Трајчева и нивниот ментор наставничката Тања Велкова. Проектот

Наков: Нема граѓанин на Кочани кој така не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но, тоа е животот мора да продолжиме напред…

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните. Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол“, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период. Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено