Од хуманитарната изложба „Трага во бесконечноста“ собрани 240 000 денари, средствата веќе се поделени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од хуманитарната донаторска групна ликвна изложба „Трага во бесконечноста“  посветена на Сара Јорданова, средношколка,  една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи на 16 март минатат година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, собрани се вкупно 240 000 денари. Средствата на четири еднакви дела се поделени на три деца без родители од Кочани и на дете без родители во Ресен, соопштија родителите на Сара.

Изложбата „Трага во бесконечноста“ беше поставена во ЦК „Бели мугри“ на 28 – ми минатиот месец и траеше до 6 март. Над 130  слики од ликовни уметници од Македонија и странство беа изложени во  двата салона во Националната установа во Кочани. Повеќе од половината се продадени.

Сара Јорданова, ученичка во кочанската Гимназија, животот го загуби во трагичниот пожар од 16 март 2025. Се бавеше со сликање и музика. Свиреше тапани во бендот „Корка“.

На чинот на отворањето на изложбата на 28 февруари во ЦК „Бели мугри“, присуствуваа неколку стотици луѓе.

 

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени