Во рамките на 13. коло од Втората лига се одиграа седум од предвидените осум натпревари, а дербито во Кочани донесе убедлива победа за Осогово, кој на домашен терен го совлада Вардар од Неготино и им се реваншира на гостите за негативниот биланс од претходните четири меѓусебни пресметки.
Дуелот започна со минута молк во чест на поранешниот долгогодишен фудбалер на Осогово, Ѓоше Лазаров – Рогче, кој почина минатата недела.
Екипата на тренерот Крсте Крстев агресивно го отвори мечот и уште во 5. минута Драган Паунов го отвори резултатот. Домашните продолжија со офанзивна игра, создавајќи неколку сериозни шанси, а во 27. минута Владимир Жоглев зголеми на 2:0. Веќе во 29. минута младиот Христијан Поп-Антовски погоди за 3:0, резултат со кој двете екипи заминаа на пауза.
Во второто полувреме Осогово го намали темпото и тактички ги сочува силите за гостувањето во Штип во вторник, но и покрај тоа успеа да постигне уште два погодоци. Во 55. минута Иван Николовски зголеми на 4:0. Вардарци, мотивирани барем за почесен погодок, тоа го реализираа во 83. минута преку Исмаил Бектеш.
Коначно, во 88. минута Драган Паунов со својот втор гол го постави конечниот резултат – убедливи 5:1 за Осогово.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









