Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори (во понатамошниот текст: Упатството), сопствениците, односно носителите на правото на користење на напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) се должни да ги отстранат истите од природа и јавни површини. Се повикуваат сите сопственици и корисници на вакви возила, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на ова известување, доброволно да ги отстранат своите напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) од наведените површини. Доколку во наведениот рок возилата не бидат отстранети, Општина Прилеп ќе постапи согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје со напуштени или отпадни возила во чекори. Општина Прилеп апелира до жителите да постапат согласно ова известување, со цел обезбедување на безбедност во сообраќајот, заштита на животната средина и зачувување на јавниот ред и уреденоста на јавните површини.“ се вели во соопштението“
Иако, не стои со народски јасен реченик , во општинскот соопштение “што точно ќе се преземи ако не се отстранат возилата“ и што тоа значи “ќе се постапува по “тој и тој закон“ во чекор“, сепак јасно е дека општината презема иницијатива за рачистување на наталожениот проблем со хаварисани возила во градот. Мерката има за цел да се расчисти јавниот простор- паркинг местата, тротоарите и другите површини од возила кои со години не се во возна состојба, скапуваат и пропаѓаат пред очите на сопствениците и минувачите.
“Само соседите ги пријавуваат хаварисани возила, но нема заинтересираност кај сопствениците за бесплатно отстранување на возилата“ вели една сограѓанка
А, граѓаните уште по реални, погласни и со предлози – бараат да се отстранат и оние возила на кои пишува “Се продава“, а стојат со месеци на тротоарите иако можеби се во возна состојба.
Други пак, потсетуваа на изградбата на гаражи на јавен простор, а колите на сопствениците повторно се на јавен простор, земајќи ја населбата Точила како пример
„Точила има 100тина гаражи на јавен паркинг и на јавна површина, дел не предвиден за паркинг туку кој фатил место си направил гаража, проблем е што тие сопственици на гаражи своите возила повторно си ги оставаат на паркинг, а не во гаражата, па може да се рече дека од 100 гаражи, 10 души АКО има што секој дневно ги користат гаражите, многу пати е реагирно.Дражт гаража, дали празна дали со дрва дали со шут .Узурпираат јавен паркинг простор и колата пак надвор на друго паркинг место, и ти викаат абе ај на секое влези излези че прајме, немам место од дрвата и други изговори. Секако вршат злоупотреба на јавниот простор, или легализирајте му ги, нека си го купат местото ко во Скопје во некои населби шо му прават по 5-10 илјади евра, или рушете ги да се ослободи паркинг просторот.“ пишува граѓанин.
Да се почне со паркингот кај некогашната фабрика 11 Октомври, кое е место на голем број хаварисани возила, посочуваат граѓаните кои живеат во тој реон и даваат предлози за квалитетно уредување
Останува прашањето дали општината навистина ќе го слушне гласот на граѓаните,нивние предлози и желба да помогнат за отстранвуање на возилата кои се неупотребливи. Повикот е јасен, револтот е гласен, тротоарите не смеат да бидат депо за хаварисани возила. Одговорноста е сега на институциите, колку поефикасно ќе го решат проблемот, бидејќи трпението на граѓаните одамна е потрошено.