Општина Зрновци решава децениски проблем за водоснабдување за граѓаните. Утре и задутре во с. Зрновци дел од домакинствата ќе имаат прекин во водоснабдувањето

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Локалната самоуправа на општина Зрновци започна со реализација на проект „Реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем за домаќинствата“. Проект што е од витално значење за сите домакинства во општината, кој се смета за еден од најсложените за изведба во делот на комуналната структура, имајќи ги в предвид конфигурацијата и пристапноста на теренот.
За таа цел заради инсталирање на новите соодветни цевки со потребна дебелина и јачина кои ќе дистрибуираат вода во трите населени места општината ги известува дел од домакинствата во с. Зрновци сместени јужно и западно од улицата Илинденска дека во деновите вторник и среда ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Со реализацијата на овој проект се решава децениски проблем на сите домакинства кај кои досегашниот цевковод предизвикуваше постојани дефекти и огромни материјално – технички средства за негова досегашна санација.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 12. и 13. септември на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ повторно Кино на отворено

На 12 и 13 септември на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани повторно Кино на отворено, најавува Јуроп хаус. Станува збор за соработка со Младинскиот културен центар од Скопје и кочанскиот ЦК. Оваа активност е подржана од Европската унија. На 12 – ти на Летната сцена на „Бели мугри“  ќе бидат

Амфенол вработува двајца Сетери – NOX

ОГЛАС Моментално имаме потреба од 2 (две) ново вработени лица за работно место Сетер – NOX Одговорности и задачи: Брза дијагностика на дефектите Застои во производство сведени на минимум Комуникација и координација со лидерот на смена Координација и известување на лидерот на смена во случај на подолг застој Извршување на превентивно одржување Водење на грижа

Амфенол вработува техничари за одржување…

ОГЛАС Моментално имаме потреба од 2 (две) ново вработени лица за работно место Техничар за одржување –  КЕ + KE clean room Одговорности и задачи: Поправка и одржување на машините во производсво Инсталација на нови машини и опрема (доколку има потреба) Користење на техничка документација за опремата и водење на грижа за истата Извршување на