Општина Кочани го објави конкурсот за стипендии за млади надежни спортисти

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани го објави конкурсот за две стипендии за спортисти-спортска надеж на Кочани, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2024 година, во машка и во женска конкуренција.

 

Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а стипендијата ќе се доделува  десет месеци во 2025 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

 

Право на стипендија имаат жители на општина Кочани на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт, со решение за вршење дејност спорт. За стипендијата може да конкурираат членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем-натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години, спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на Националната спортска федерација. Исто така, во конкуренција влегуваат и спортисти во екипни спортови, врз основа на составот на репрезентациите до 20 години според утврдена ранг-листа на најуспешните  млади спортисти  до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски  федерации, како и учесници на национални или меѓународни систем-натпревари во: борење, велосипедизам, гимнастика, карате, кошарка, скијање, тенис, триатлон, фудбал, шах…

 

Критериумите за бодување и потребната документација за конкурирање се опишани во целосната објава на конкурсот на веб-страницата на Општина Кочани.

 

Рокот за пријавување е до 10 март 2025 година. Пријавата и потребната документација се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса на Општината.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Благица Кичен“ го прошири својот бизнис – отворен нов дуќан за готвени јадења во Кочани

Кочани доби ново место каде граѓаните секојдневно ќе можат да купуваат свежо подготвени и вкусни готвени јадења. Познатата кочанчанка и претприемач „Благица Кичен“ го прошири својот бизнис со отворање на нов дуќан за готвени јадења, лоциран на улицата „Тодосија Паунов“, под објектот на Премиум Џим. На свеченото отворање присуствуваа голем број граѓани, пријатели, соработници и

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот

Тажен епилог: По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска пристигна тажната вест дека тој е пронајден починат во планински предел. Во изминатите денови во потрагата беа вклучени припадници на полицијата, членови на Доброволната планинска спасителна служба, ловџии, моторџии и бројни граѓани кои несебично се приклучија