Општина Чешиново – Облешево ќе учествува на Фестивалот на белиот штрк во Бугарија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Претставници на Општина Чешинов – Облешево денеска заминаа за градчето Белозем кај Пловдив, Бугарија, каде што во следните три дена ќе учествуваат на 23. состанок на Европската мрежа на села со штркови.

Општината Чешиново – Облешево на настанот, што се нарекува и Фестивалот на белиот штрк, ќе биде единствен претставник од Македонија.

-Таму ќе ја искористиме приликата да се промовираме како општина и држава со филмот „Приказната за Силјан“ сниман на нанашите простори. На овој реномиран фестива од Европа ќе учествуваат петнаесетина  држави. Се надевам дека со општини од тие држави ќе воспоставиме контакти, кои понатаму ќе ни овозможат поширока соработка, освен на планот на негувањето на култот за штрковите, изјави за МИА градоначалникот Јорданче Костадинов.

Фестивалот на белите штркови се организира од страна на Општинскиот центар на Белозем  – „Просвета 1909“ , градоначалникот на таа општина и Невладината организација „Зелен Балкан“, а се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и води на Бугарија.

Со текот на годините, оваа интернационална манифестација  се етабилираше како традиционално чествување посветено на белиот штрк – симбол на пролетта, животот и хармонијата меѓу природата и луѓето.

Општина Чешиново – Облешево за прв пат е поканета да учествува на Фестивалот на белиот штрк во Белозем во Бугарија

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

БОБО ДООЕЛ – Вработуваме дистрибутери…

БОБО ДООЕЛ Кочани, Регионален застапник за Источна Македонија за програмата на Бучен Козјак и Здравје Радово има потреба од  дистрибутери со Б возачка категорија . За подетални информации на телефон: 078213917

Кривична пријава за жител на виничко – нападнал полицаец при извршување службени дејствија

Кривично ќе се гони маж од виничко за напад кон полицаец на должност.   – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.К.(44) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствие“. На 10.04.2026 во село Блатец, пријавениот не постапил по наредби