Октомвриска крводарителска акција во Црвен крст Кочани – собрани 44 крвни единици

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната Октомвриска акција за дарување на крв.
На акцијата крв даруваа 44 дарители од кои 11 до 30 годишна возраст и еден првократен дарител. Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина Штип.
 Акцијата е 16-та што ја спроведуваме во тековната година. До крајот на 2025 ќе реализираме уште четири, од кои две редовни, секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани, една младинска акција за млади, средношколци и студенти и една со кочанската полиција. Со тоа ќе го заокружиме годишниот план за крводарителски акции што годинава е 20, соопштија од Црвен крст Кочани.
Во текот на месец ноември ќе биде реализирана и свеченост за доделување на благодарници и признанија на повеќекратни крводарители и соработници.
Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка