Одржана првата обука за застапување во рамки на проектот ,,Зајакнување на ромските и про-ромските организации во Кочани во процесот на ЕУ интеграција“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Здружението на Роми „Авена“ од Кочани активно ја спроведува реализацијата на проектот „Зајакнување на ромските и про-ромските организации во Кочани во процесот на ЕУ интеграција“, поддржан преку ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество.

Проектот има за цел да го засили учеството на ромската заедница во процесите на европска интеграција преку: истражување на состојбата и потребите на ромската заедница во Кочани, обуки за застапување и градење капацитети за претставниците на ромски и про-ромски организации, воспоставување на локална платформа за координација и заедничко делување, спроведување информативна кампања, и изработка на стратегија за застапување на правата и интересите на ромската заедница.

Во претходниот период, успешно беше реализирано теренско истражување преку анкета со над 100 припадници на ромската заедница и интервјуа со активни претставници од институции и граѓанскиот сектор, со цел добивање јасна слика за предизвиците, потребите и ставовите на ромската заедница во однос на ЕУ интеграцијата.

На 29 мај беше одржана првата од серијата еднодневни обуки која беше на тема ,,Застапување на правата и потребите на ромската заедница“наменета за 20 претставници од активни ромски и про-ромски организации од Кочани.

Учесниците се стекнаа со практични знаења и алатки за ефективна комуникација со институции и застапување на заедницата.

Овие обуки се клучен чекор во градењето на капацитетите на организациите за поактивно и поефикасно учество во локалните и националните процеси поврзани со европската интеграција.

Во наредниот период ќе следуваат уште две обуки, состаноци на локалната платформа, како и креирање на стратегија за застапување заснована на идентификуваните приоритети од теренската анализа.

Проектот се реализира со поддршка од партнерски организации и институции, со визија за долгорочна вклученост на Ромската заедница во демократските процеси.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

ЈОУ Библиотека,,Искра”, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето. Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари,, Матица” од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и

Градоначалникот Костадинов и словенечкиот амбасадор Прескер на завршната обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево

Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино. Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе Компанијата најавува проширување на можностите за вработување во производствениот капацитет во Кочани, со што за првпат ќе се отвори можност за вработување на кандидати и од општина Свети Николе. Со цел да се обезбедат подобри услови и поголема достапност на работните места, компанијата организира