Од утре 900 производи со намалена цена како дел од акцијата “новогодишна кошница“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Бројот на производи во “новогодишната кошница“ се зголеми на над 900, откако производителите и дистрибутерите пријавиле дополнителни производи.  Мерката со новогодишната кошница започува од утре 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Целта на оваа мерка е да се овозможи подостапна и поволна куповна моќ за граѓаните за време на празниците. Производите на листата ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на info@mojakosnica.mk Апелирам компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk, објави на социјалните мрежи заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески

Во листата на новогодишната потрошувачка кошничка спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго. Изминатите денови пазарните инспектори ги мониторираа сегашните цени на производите во акциската листа заедно со најниските цени на овие производи кои биле применувани во последните 30 дена.

Целта на мониторингот беше да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до акциското намалување на цените од најмалку 10 отсто на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Листата на прехранбените производи кои се дел од новогодишната кошница граѓаните може да ја најдат на веб-страницата www.mojakosnica.mk. Листата на производи чии цени треба да бидат намалени е понудена во договор со стопанските комори, производителите, трговците и дистрибутерите.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...