Од три јавни тоалети во Кочани, ниту еден од нив не си ја врши основната функција

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Јавниот тоалет, лоциран позади Центарот за култура „Бели мугри“ одамна не ја извршува својата основна функција. Запуштен, со расфрлано ѓубре, облека и други амбалажи уште оддалеку ги одбива минувачите и воопшто не служи на намената за која бил изграден.

Смрдеата од фекалиите и од останатиот отпад се шири дури и до бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, така што не е препорачливо да се биде на ова место подолго од неколку секунди.

Искршено е огледалото, извадени се чешмите за миење раци, како и даските на тоалетните школки. Надворешноста од објектот, пак е вандализирана со натписи и графити, кои несовесните граѓани го сториле изминатиов временски период.

Секако дека дополнителен опис и не е потребен, затоа што снимките го доловуваат целиот амбиент.

Соседите од објектите во близина на Центарот за култура „Бели мугри“, не сакаа да коментираат пред камерата на Радио Кочани, но рекоа дека дека многу пати реагирале кај надлежните во Општина Кочани, како и и во комуналното претпријатие „Водовод“, но до сега немало соодевтна реакција од никого.

Тоалетот сега го користат само оние кои се на големa мака, а истовремено и оние кои присуствуваат  на манифестациите кои се одржуваат во Паркот на Револуцијата.

Инаку, во Кочани има три јавни тоалети, од кои ниту еден од нив не ја врши својата функција. Па поради тие причини, граѓаните честопати физиолошките потреби ги извршуваат на јавните површини.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Свети Јоаким Осоговски – вековно духовно прибежиште кај Крива Паланка

Свети Јоаким Осоговски – вековно духовно прибежиште кај Крива Паланка Манастирот Свети Јоаким Осоговски, сместен на околу седум километри од Крива Паланка, е еден од најзначајните православни манастири во источниот дел на земјата. Според историските извори, манастирот потекнува од 11 век и е поврзан со животот и подвижничкото дело на свети Јоаким Осоговски. Манастирскиот комплекс

Нов златен медал за нашиот кочански гениј Владимир Грчев

Нашиот кочански гениј Владимир Грчев освои нов ЗЛАТЕН медал на меѓународниот JetBrains Academy Youth Challenge 2025, во рамки на Coder Track – предизвик кој ги обединува најдобрите млади програмери од целиот свет. Овој успех е уште една потврда за континуитетот во врвните резултати што Грчев ги постигнува на меѓународни натпревари, како и за неговата зрелост,

Магнезиум Медикал и Спа – Релаксација каква што заслужувате!

Од денес, Магнезиум Медикал и Спа во Виница ги отвора вратите на своите нови, луксузни простории, создадени за вистинска релаксација и обновување. Ова е местото каде што ќе можете да се ослободите од секојдневниот стрес и да го обновите своето здравје. Единствени во Македонија, Магнезиум Медикал и Спа располага со: Солена соба која помага за