Од полноќ намалување на цените на бензините

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од полноќ цената на бензинот ќе се намали за 2,5 денари за литар за Евросупер БС-95 и за 3 денари за Евросупер БС-98, а не се менува цената на дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 84 денари за литар Евросупер БС-95 и 85,50 денари за литар за Евросупер БС-98.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ВО ПАРИЗ СО КУЛТУРНИ НАСТАНИ ОДБЕЛЕЖАНИ 95 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ

Париз-Бонди, 29 март 2026 Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржа чествување/комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев по повод 95 години од неговата ненадејна смрт во Париз и 136 години од...

(ВИДЕО ) Доминација на Матеј Чатлески во Бор – трет триумф за прилепскиот боксер

Прилеп треба да се гордеее со својот боксерски шампион.Чатлески вечерва доминираше во Бор во ч четирите рунди и покрај тоа што против него имаше поискусен професионален боксер , во името на Милош Јанјанин.Доминацијата на Чатлески се потврди уште во почетните две рунди а во третата на противникот и му се...

Немила сцена во Прилеп – капитенот на ФК Победа колабираше на терен

Ужаснa сцена во 75 тата минута од средбата меѓу Победа и Детонит во Прилеп, кога момчето, капитен на Победа, Кристи Крајоски, кој има само 19 години, падна на теренот колабираше и  изгуби  свест. Инцидентот предизвика загриженост кај соиграчите и навивачите, а медицинскиот тим веднаш интервенираше на теренот. Паника се створи...