Од денеска започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/27 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од денеска, 12 јуни петок започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Според конкурсот објавен од Министерството за образование и наука, електронското пријавување ќе трае од денеска до 15 јуни преку националниот портал за електронски услуги, каде учениците ќе се најавуваат со своите кориснички сметки од системот schools.mk.

По електронската апликација, потребната документација ќе треба да ја достават во училиштата во кои конкурираат.

Во Кочани во двете средни училишта слободни се 497 места, односно во СОУ „Љупчо Сантов“, 236, а во „Гошо Викентиев“ простор за упис има за 261 ученик.

Во Виница пак, слободни места за упис има за 202 ученика.

Доставувањето на потребната документација ќе се врши на 16 и 17 јуни, а конечните ранг-листи училиштата ќе ги објават на 18 јуни.

Доколку за одредени образовни профили има поголем број пријавени ученици од предвидените места, ќе се организира квалификациско тестирање на 22 јуни.

Во јунскиот уписен рок е предвидено и второ пријавување на 23 јуни, додека августовскиот уписен рок ќе се реализира на 20 август.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Промедика Офталмологија“ организира бесплатни очни скрининзи во просториите на Здружението на пензионери – Кочани

По повод Месецот на катарактата, Промедика Офталмологија во соработка со Здружението на пензионери – Кочани организира бесплатни очни скрининзи за граѓаните. Настанот ќе се одржи во просториите на Здружението на пензионери – Кочани, каде тимот на Промедика Офталмологија ќе спроведува скрининг прегледи за рано откривање на катаракта (перде), една од најчестите причини за намален вид

Освежителни коктели, Vergnano кафе и „Густо мио“ сладолед – летото е во Пикадили

Лето, сонце… и време за вистинско уживање!  Без разлика дали е утринско кафе, попладневна пауза или вечерна дружба — Кафе бар Пикадили е вашето место за летно освежување и добра атмосфера. Пријатен амбиент, летна свежина и добро друштво што го прават секој момент посебен. Разладете се со освежителни коктели, омилени алкохолни и безалкохолни пијалаци, италијански

На 15 август стартува ВМФЛ за сезоната 2026/2027

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август, кога ќе се одиграат натпреварите од првото коло. Според пропозициите, првопласираната и второпласираната екипа директно ќе обезбедат пласман во Првата лига, додека третопласираниот тим ќе игра бараж со осмопласираниот состав од елитното друштво. Последните три екипи на табелата ќе испаднат директно во Третата