На 15 август стартува ВМФЛ за сезоната 2026/2027

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август, кога ќе се одиграат натпреварите од првото коло.

Според пропозициите, првопласираната и второпласираната екипа директно ќе обезбедат пласман во Првата лига, додека третопласираниот тим ќе игра бараж со осмопласираниот состав од елитното друштво.

Последните три екипи на табелата ќе испаднат директно во Третата лига.

Во воведното коло, Беласица на домашен терен ќе го пречека Осогово, а Детонит Плачковица ќе гостува кај ланскиот прволигаш Шкупи.

Поранешниот прволигаш Работнички ќе се соочи со Кожуф.

Пелистер, кој минатата сезона испадна од Првата лига, ќе биде домаќин на новиот второлигаш Камјани. Брера

Струмица ќе игра против новиот член на Втората лига, Еуромилк ГЛ, Охрид ќе се сретне со Новаци, додека Македонија Ѓорче Петров ќе го пречека Тетекс.

Во есенскиот дел од сезоната се предвидени 13 кола, а последното ќе се одигра на 28 ноември, по што следува зимска пауза.

Во пролетниот дел ќе бидат одиграни уште 13 кола, со што сезоната ќе биде комплетирана со вкупно 26 првенствени кола.

РАСПОРЕД:

Screenshot

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Освежителни коктели, Vergnano кафе и „Густо мио“ сладолед – летото е во Пикадили

Лето, сонце… и време за вистинско уживање!  Без разлика дали е утринско кафе, попладневна пауза или вечерна дружба — Кафе бар Пикадили е вашето место за летно освежување и добра атмосфера. Пријатен амбиент, летна свежина и добро друштво што го прават секој момент посебен. Разладете се со освежителни коктели, омилени алкохолни и безалкохолни пијалаци, италијански

Од денеска започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/27 година

Од денеска, 12 јуни петок започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Според конкурсот објавен од Министерството за образование и наука, електронското пријавување ќе трае од денеска до 15 јуни преку националниот портал за електронски услуги, каде учениците ќе се најавуваат со своите кориснички сметки од

Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија

Министерството за внатрешни работи ги заврши сите формално-правни и технички подготовки за спроведување на законските измени со кои се овозможува управување на мотоцикл до 125 кубни сантиметри. Од денеска, граѓаните ќе можат да посетуваат обука во автошколи кои поседуваат лиценца за категоријата „А1“. Обуката трае четири часа и опфаќа теми поврзани со безбедното управување, користење