Од денеска да ги засукаме ракавите и да работиме – Честитки за новоизбраните градоначалници и советници!!!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Беше што беше, се случи што се случи. Од денеска да ги засукаме ракавите и да работиме.

Доста беа два месеци сликање и ветување. Ај сликањето ќе остане како спомен, но ветувањата треба и мора да се исполнат. Освен Штип и Карбинци каде староновите градоначалници ја потврдија својата работа уште по првиот круг, во целиот Исток имаме сосема нови градоначалници во сите општини.

Не треба да ги заборавиме проблемите кои граѓаните ги кажуваа на секој чекор. Тие ја даваат, но тие  и ја одземаат довербата, а таа треба да се оправда.

Да започнеме со најголемата, општина Кочани. Уште веднаш да се именува вршител на должноста директор на КЈП „Водовод“ , да се исчисти ѓубрето низ населбите и населените места, кое со недели не е чепнато.

Веќе е доцна да се реорганизира кочанскиот панаѓур.

Да се стави ред во хаосот со сообраќајот. Да се, да се, да се, уште многу работи, но најаважно да се започне од почеток. Да се сврти сосема нов лист и еден по еден проблемите да ги решаваме, а верувајте ги има многу.

Слична е и состојбата и во Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево.

На целиот Исток од нашата преубава Македонија да му дадеме нов импулс – нов лик.

Доста беше молк и толеранција. Сите бевме сведоци на тоа што се прави и сите на некој начин сме виновни за состојбите во кои западнавме.

Затоа од денеска токму ние граѓаните ќе бидеме коректори на евентуалните негативни процеси на новите челници и ќе ги сечеме од корен.

Доста беше поделбата на наши и ваши. Сите сме едно и секој гласаше за подобар живот и иднина на младите, да му дадеме шанса на секого.

Ајде доста беше зборување, нели се договоривме да ги засукаме ракавите и да работиме.

Ние веќе почнавме од рано наутро.

Честитки за новоизбраните градоначалници и советници!

Да се надеваме дека ќе работат во интерес на народот, зошто се дел од него.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на

Со марш до Свиланово оддадена почит кон Никола Карев

Патриотскиот институти од Кочани и Чешиново-Облешево, заедно со ОК – ти на ВМРО – ДПМНЕ од двете општини денеска  со достоинствен марш од манастирот “Св. Атанасиј Велики” во с. Спанчево до Свиланово, оддадоа почит кон делото и жртвата на Никола Карев – претседател на Крушевската Република. Во присуство на голем број граѓани, членови и симпатизери,

„Макпрогрес“ дел од „Зелен Чекор 2026“: Над 1000 волонтери за почиста Виница

Компанијата „Макпрогрес“, како општествено одговорна компанија, активно се вклучи во еко акцијата „Зелен Чекор 2026“, што се реализираше денеска, 25 април во Општина Виница. Акцијата беше организирана со поддршка на бизнис заедницата и локалната самоуправа, со цел заеднички придонес кон почиста и поуредена животна средина. Во рамки на акцијата, над 1000 волонтери учествуваа во активности