Обвинителството нареди вештачење за утврдување на причините за сообраќајната несреќа

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товарно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фабриката за селекција на отпад кај Алинци доби висока оценка од шведскиот амбасадор

Во работна посета на Општина Прилеп беше Шведскиот амбасадор во Македонија, Ола Сулстром. Всушност, тој заедно со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски и преставници од SALAR, (шведска асоцијација на општини и региони) која ги поддржува општините во двата региона Пелагонискиот и Југозападниот регион во управувањето со отпадот, ја разгледаа фабриката...

(ВИДЕО)„Мачкина глава“ ќе го отвори, „Црно злато“ ќе го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата...

Концерт на сопран и клавичембало „Музиката на европските дворови во XVII век“ во Цепенков

На 7 мај в четврток од  20.00ч. во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков ќе се одржи концерт на сопран и клавичембало: „Музиката на европските дворови во XVII век“. Тоа ќе биде прво концертно претставување на клавичембалото како инструмент во Прилеп. На концертот ќе настапат сопранот Ана Митоска и чембалистката...