Концерт на сопран и клавичембало „Музиката на европските дворови во XVII век“ во Цепенков

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 7 мај в четврток од  20.00ч. во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков ќе се одржи концерт на сопран и клавичембало: „Музиката на европските дворови во XVII век“. Тоа ќе биде прво концертно претставување на клавичембалото како инструмент во Прилеп. На концертот ќе настапат сопранот Ана Митоска и чембалистката Јована Топалов (Србија), која за првпат се претставува  пред македонската публика. 

 Концертот нуди музичко патување низ различните стилови и изрази на европската барокна музика.

Чембалистката Јована Топалов од Србија,  за првпат настапува во Македонија.

„Овој настан е од особено значење за нашиот град, бидејќи за првпат пред прилепската публика ќе биде претставен инструментот клавичембало, односно чембало (што е пошироко употребувано скратено име за инструментот), со што се отвора едно ново звучно и стилско пространство, не само во локалниот културен контекст, туку и во поширокиот македонски музички простор, бидејќи изведбите со чембало кај нас се навистина ретки и речиси исклучиво поврзани со гостувања од странство или со ограничен број изведби во Скопје. Програмата нуди исклучително интересен и внимателно избран репертоар. Поголемиот дел од композициите на репертоарот ќе бидат премиерни изведби на македонската сцена. Меѓу нив се издвојува драмската кантата „Сузана“, напишана од една од ретките жени-композиторки во периодот на барокот – Елизабет Жаке де ла Гер, инспирирана од библиската приказна „Сузана и старците“ – тема која, иако потекнува од далечното минато, носи силна актуелност и денес. Делото функционира како своевидна парабола за ситуациите во кои поединецот се соочува со неправда, особено кога моќта и авторитетот се на страната на посилните. Преку музичкиот израз се отвораат прашања за злоупотребата на позицијата, притисокот врз поединецот и храброста да се спротивстави на неправдата – теми кои одекнуваат и во современиот општествен контекст и наоѓаат паралели со движења како #MeToo. Покрај тоа, ќе прозвучи и инструментално дело од истата композиторка, како и инструментални дела од Доменико Скарлати и од австриско-германскиот композитор Јохан Јакоб Фробергер, врз чии дела Јована ја има изработено својата докторска дисертација. Две од делата на Персел, кои се дел од програмата и кои можеби ќе ѝ бидат познати и на публиката, веќе сум ги изведувала и во концертен и во театарски контекст, но овде, преку звукот и бојата на чембалото, добиваат поинаква автентичност, поблиска до нивната изворна замисла. Досегашната соработка е исклучително инспиративна и продуктивна, со интензивна и посветена работа на пробите зад нас, а денес нè очекува и генералната проба. Како уметници кои доаѓаме од две различни земји, но со заеднички јазик – музиката, преку неа многу природно се поврзавме и се усогласивме, и можам да кажам дека навистина е големо задоволство да се работи заедно со Јована. Ги поканувам сите љубители на музиката да присуствуваат на концертот и да бидат дел од оваа убава соработка, за мене особено инспиративен проект, исполнет со нови звуци, идеи и едно поинакво концертно доживување,“ рече Ана Митоска.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учениците од „Р.Р Ричко“ – Прилеп ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот футсал натпревар за ученици до 18 години

Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп,  ќе ја преставуваат Македонија на Европско првенство за футсал на средни училишта во Бања Лука. Екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денеска,(11 – ти мај)  па сè...

Дизелот поевтинува за 4 денари, а бензинот 98 ка, за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98 Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 95                     85,00  (денари/литар) Моторен бензин          ЕУРОСУПЕР БС – 98                     86,50  (денари/литар) Дизел гориво               ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)          ...

(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот...