Објавени детали од обвинението за Кочани: Има над 160 страници, со илјадници докази и околу 300 сведоци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Тримесечната истрага на тринаесетте обвинители резултираше со 46.000 докази и 165 страници обвинителен акт за пожарот во „Пулс“, во кој на листата на сведоци се најдоа 283 лица.

Обвинението, кое за прв пат е достапно во детали, опфаќа хронологија на 13 годишни случувања кои довеле до трагедијата во која загинаа 62 лица.. Се гонат 34 лица за „тешки дела против општата сигурност“ – првообвинет е сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов – Деко..

Во обвинението се најдоа, бројни инспектори, потоа директорот на агенцијата за обезбедување на објектот „Рубикон“, четворица обезбедувачи, сопственичката на проектантската фирма Милка Едровска, која во 2012 изготвила основен проект, иако знаела дека на тоа место, според условите, не може да има дискотека…

Обемноста на предметот и обвинети, според адвокатот – Звонко Давидовиќ, кој е бранител на во случајот, ќе доведе до долго судење, кое може да трае неколку години.

Очекуваме кога ќе решат по приговоротие, и евентуална оценка да се закаже судење, па таму ќе се докажуваме во судница, дали е точно и издржано она што обвинителството го тврди. Со оглед на тоа дека се многу обвинети, многу бранители, има многу докази, додека се изведат само тие, па предстои, прво докази на обвинителство, па изнесување на одбраната, така да ќе трае.,- -Звонко Давидовиќ – Адвокат .

Листата на обвинети е долга и опфаќа бројни функционери од повеќе институции.. Од министерството за економија се гонат екс-министрите екс министрите Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, како и државната секретарка Размена Чекиќ – Дуровиќ и уште петмина службеници поради издавањето на фалсификат лиценци за мито и неспроведувањето на вонредни инспекции.. Обвинети се и тројцата кочански градоначалници во измнатите 13 години – Ратко Димитровски, Николчо Илијев и Љупчо Папазов – се гонат дека не иницирале надзор во објектот, иако знаеле дека дискотеката работи оти секој месец легнувале пари на општинската сметка..

На обвинителна клупа ќе се најдат ис ите директори на Дирекцијата за заштита и спасување од 2012 до пожарот, меѓу кои и актуелен министер без ресор – Шабан Салиу. Неговиот адвокат за Канал 5 кратко изјави дека во оваа фаза ќе се воздржат од коментари, но посочи дека ќе поднесат приговор на обвинителниот акт.

Ќе имаме приговор тука за повеќе лица, така да ќе се воздржиме од коментари сега, така да од страна на нашата канцеларија ќе бидат поднесени приговорите во законски предвидениот рок,- Ванчо Шехтански – Адвокат.

Обвинението го опишува и хоророт и страдањата на жртвите. Над 50 починати се задушиле од јаглероден моноксид, а шест деца поради притисок на градниот кош. Други пак имале термички оштетувања на горните дишни патишта. Пожарот се вели, се проширил стихијно, со многу чад и виоска температура, по што настанало паничното бегање.

Обвинителниот акт е доставен до бранителите пред три дена, а до 28 јули тие треба да се произнесат со своите приговори, по што судот ќе направи оценка на обвинението и ќе закаже прво рочиште од судењето..

Извор: Канл 5 Телевизија

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

“Хаос” на Народниот театар од Штип вечерва го отвара 63. ДАФ на Македонија

Со претставата „Хаос“ на Народен театар Штип вечерва во 20:15 часот свечено ќе биде отворено 63. издание на Драмски аматерски фестивал, чиј традиционален домаќин е Кочани. Претставата е режисерско остварување на Александар Ивановски, работена по текст на Мика Милиахо. Во текот на петте фестивалски дена, на сцената на Центар за култура „Бели мугри“ ќе бидат

В недела свечено отворање на затворениот градски пазар во Виница

В недела, 17 мај, со почеток во 11 часот, во Виница официјално ќе биде отворен затворениот градски пазар. На настанот ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. При посетата ќе биде направен и увид во повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкција на водоводна и

Теренот „Дамјан Груев“ Чешиново ќе ги собере младите фудбалски таленти од регионот…

Во сабота, спортскиот терен „Дамјан Груев“ во Чешиново ќе биде домаќин на завршниот турнир од детската фудбалска лига, во организација на ФК Атлетико 2021. Настанот ќе се одржи на 16 мај со почеток во 09:30 часот и ќе ги собере најмладите фудбалски надежи од генерациите 2014, 2015/16 и 2017/18. Според организаторот, на турнирот ќе настапат