Обезбедени 8 милиони денари за нови инфраструктурни проекти во Општина Зрновци, кои граѓаните ги очекуваат со децении…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Зрновци информира дека, благодарение на Министерството за транспорт и врски и силната поддршка од Владата на Република Македонија, обезбедени се околу 8.000.000 денари за реализација на три нови витални проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура.

Проектите кои ќе се реализираат се:

Целосна реконструкција на улиците „Илија Танев“ и „Димчо Петров“ во село Мородвис

Изградба на нов локален пат Видовиште – Крстот

Изградба на нов локален пат Видовиште – Гробишта

Овие проекти се од огромно значење за Општина Зрновци, бидејќи директно влијаат на квалитетот на живот на жителите, овозможуваат подобра поврзаност, зголемена безбедност и долгорочен локален развој. Станува збор за инвестиции кои жителите ги очекувале со децении.

Од Општината посочуваат дека ветувањата кон граѓаните се претвораат во конкретни дела, со јасна визија за развиена и урбана општина за сите генерации.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Макпрогрес ДОО Виница вработува…

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Макпрогрес ДОО Виница има потреба од вработување на: Референт за БЗР и екологија, ПП заштита, прва помош, евакуација и спасување Потребни квалификации: * Завршено високо образование * Работно искуство во бараната област Предност ќе имаат кандидатите со: * Добиена лиценца за безбедност и здравје при работа Работно време: 07:00 – 15:00 часот Заинтересираните

Кочанскиот „Амфенол“ од топ 100 компании е меѓу првите 20

Веќе шеста година по ред порталот „Пари“ со платформата „Бизнис мрежа“ ја скенираат македонската економија, односно компаниите што направиле најголем пригод и имаат најмногу работници. Стоте најголеми компании минатата година направиле заеднички приход од 13, 3 милијарди евра што е за 700 милиони повеќе од 2024 година. Кочанскиот гигант „Амфенол“ е на листата помеѓу првите

Кочанчанец пронајден со повреди на главата во речен канал во село Лески. Итно бил пренесен во „Мајка Тереза“ Скопје

Кочанчанец пронајден со повреди на главата во речен канал во село Лески. Итно бил пренесен во „Мајка Тереза“ Скопје   На 06.05.2026 околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во с.Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи