Нова премиера во прилепскиот театар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Утре од 20.00 часот во Народниот театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, премиерно ќе биде изведена претставата „Ученикот“ во режија на Кирил Петрески.

Претставата „Ученик“  е создадена според драмскиот текст „Маченик“  современиот германски драмски писател Мариус фон Маербург. Неговиот драмски текст првпат на сцена е поставен во театарот Уникорн во Лондон во 2015 година, а во  2016 година е направена филмска адаптација на текстот, иститот филм е преведен и снимен и во Русија под наслов „Студент“ кој бил добро прифатен од меѓународната критика.

Во преставата играат Зоран Иваноски, Марија Сприкоска Илијеска и Александар Тодески но и студентите по глума Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески,  Димитар Паскоски, Марија Талеска и Иво Јездиќ.

Претставата „Ученик“ со кратки филмски сцени и со филмски јазик ги прикажува современите предизвици на младата генерација. Во време  на екстремности, политички, културолошки и социјални, една млада личност се спротивставува на противречностите во општеството. Својот начин на борба го одбира во религиозниот фанатизам-образложи режисерот Кирил Петрески.

Тој на денешната пресконференција по повод претставата „Ученик“ истакна дека на прилепскиот театар, но и воопшто на македонските театри им е потребен подмладок во однос на актерските екипи, истакнувајќи дека во нашиот театар повеќе од една деценија не се случило вработување на нов актер.

Актерот Зоран Иваноски кој ја толкува главната улога во претставата ја истакна својата возбуда од фактот дека за многу краток временски рок, благодарение на добрата соработка успеале да создадат квалитетен тетарски продукт.

Вакво нешто не сум доживеал во мојата дваесетгодишна актерска кариера. Толку позитивно, толку сложено и едноставно истовремено, но чисто.  Овие петмина млади актери ми ја вратија желбата и волјата за да сакам да творам како што  знам, да сакам да доѓам на работа и да сакам да се изразам како што јас знам-рече актерот Зоран Иваноски, алудирајќи на петмината млади актери вклучени во претставата. 

Сценографијата и плакатот се на Владо Ѓорески, костимографијата на Александар Џинго, а  музиката е на Серафим Чернит.

Првата реприза на претсаватата е закажана за в четврток на 26 декември. Ова е и последна премиера за годинава во продукција на прилепскиот театар.
Филип Димкоски

 

See less

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Волчески: Возев кога дознав за номинацијата 13 величествени

Aко публиката е најдоброто мерило за успехот на еден актер, Илија Волчески и во филмот и во театарот постојано ја освојува публиката, со талентот, но и со харизматичноста.  Минатата година тој оствари и главна улога во претставата „Галеб“  од Антон Павлович Чехов во продукција на Народен театар-Битола,  чија премиера се...

За Водици и во базенот на црквата Св. Благовештение и во базенот Салида ќе се “фрла’ Светиот Крст

В недела,  на 19 ти,на Богојавленије Водици во 10,оо часот , главниот водосвет со полагање на Светиот Крст во водите ќе се одржи во базенот во дворот на црквата Св Благовештение. Во осветените води по положениот Крст ќе влзат 22 деца. Најпрви во 7 часот во црквата ќе се одржи...

Во Прилеп за насилство уапсени 6 лица, од кои 2 малолетници

Вчера во 22.00 часот од ул. „Борка Утот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле шест лица поради сторено кривично дело насилство. Како што информираат од МВР се работи за К.П. (42), В.П(34), З.П.(58), А.П.(32) и двајца малолетници, сите од Прилеп. Според пријавеното, настанот се случил на 15.01.2025 околу...