Нова донација од стоматолошка опрема за училиштата и зголмување на бројот на деца во воспитните групи во градинка

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На денешната 67 Седница на Советот на Општина – Прилеп по усвојувањето на дневниот ред, настана дискусии околу точките за усвојување на тримесечните извештаи за финансиското работење на Јавните претпријатија во Прилеп,за период од 01.04.2025 година до 30.06.2025 година, со акцент, пред се, за состојбата со ЈП за ПУП-Прилеп. Советниците од опозицијата го критикуваа нефункционирањето на јавниот градски превоз и финансиската дубиоза на претпријатието, за што од говорницата директорот на ЈП за ПУП, Бранко Нешкоски образложи за причините кои довеле до ваквата состојба потенцирајќи ги пред сè недоволните средства од државните блок-дотации за средните училишта, кои не ги покриваат реалните трошоци за бесплатниот ученички превоз, бесплатниот превоз на пенсионерите со пониски примања итн, „па разликата која изнесуваше 6/7 милиони денари ја покри Општина Прилеп од сопствен буџет“ рече тој. Тој нагласи дека од утре ќе почне да функционира јавниот градски превоз,бидејќи се надминати проблемите со исплатата на плати на вработените,вклучително и исплата на реализираните неделни часови, придонеси и додатоци за работни денови.

На денешната седница советниците едногласно ги усвои и годишните извештаи за работа и програми за учебната 2024/2025 година на основите училишта во Општина Прилеп, едногласно беа усвоени и одлуката за работа на воспитни групи со поголем број на деца во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, во сите објектите, како и согласност за работа на воспитна група со помал број на деца во објектот о ООУ,, Круме Волнароски“ во с. Беровци и ја прифатија одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на градинките.

На крајот на седницата беше усвоена и одлука за прифаќање на стигната донација, стоматолошка опрема за училиштата од Невладината организација „Hand Till Hand“ – Шведска, чија висина изнесува 30 илјади евра.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Карпи, мегалити“ прва самостојна изложба на уметникот Михаил Паскоски

На Маркови Кули кај карпата Слонот во Прилеп в недела на 17 ти мај, од 11 и 30 часот, на отворено,  Михаил Паскоски ќе ја одржи својата прва самостојна изложба на графички дела. Михаил Паскоски (2000) е роден во Прилеп, каде го поминува своето детство и завршува основно и средно...

Приведен 14 годишник, возел без дозвола

Од полициската хроника информација за приведување на малолетник од долненско кој управувал со автомобил: – На 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај с.Сарандиново, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 14 – годишен жител на с.Пешталево, општина Долнени. При контрола во сообраќајот полициските службеници...

Државни прваци во ракомет се учениците од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп

Учениците од основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ се државни прваци во ракомет. На Државното првенство во ракомет (машки) за основни училишта кое се одржав во салата на ООУ „Добре Јованоски“,  тие покажаа борбен дух, црврста и организрана игра и заслужено беа победници на турнирот во организација на  Федерација на училишен спорт...