Нов месец – ново опожарено возило во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска утрово, (02.02.2025) во 06.06 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп било опожарено патничко моторно возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на А.А.(43) од Прилеп, при што од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „сузуки” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.А.(75) од Битола.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.

Ова е второ опожарено возило оваа година во Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...