Николоски: за 3 години нов, модерен и безбеден автопат Прилеп – Битола

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Преку соопштение за јавноста министерството за транспорт и врски информира за текот на градежните активности на релација Прилеп – Битола:
Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот ќе биде модерен со вкупно шест ленти, со по три ленти од двете страни и помошен алтернативен пат. „За три години ќе имаме нов модерен автопат кој ќе донесе економски развој на Пелагонискиот регион,“ одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање.

“Од Градско до влезот на Прилеп ќе се вози по експресен пат, тука ќе има еден кружен тек каде лево ќе се влегува за Прилеп а десно до Битола ќе се вози по нов автопат.  За три години од денес, од Скопје до Битола ќе имаме автопатско решение, што значи дека патувањето од Скопје до Прилеп ќе се намали на еден час и десетина минути, а до Битола на еден час и четириест минути, што значи ќе се смени динамиката на развој, раздвижување на економијата, на бизнисот бидејќи голем дел од од БДП-то доаѓа од овој регион. Бенефит ќе имаат и општините во тој дел Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци, Ресен. Ова е огромен проект кој не е виден во Централна Македонија и кој целосно ќе ја промени сликата во Пелагонскиот регион” истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцирше дека во изминатиот период  се соочил со бројни предизвици за овој проект како што е деминирање на бројни експлозивни направи од првата светска војна каде со помош на Министерството за одбрана се засилила динамиката на деминирање на теренот и се ослободиле 12 километри за работа. Исто така најголем проблем како што рече било и експропријацијата која во изминатите три месеци решени се околу 2400 предмети за експропријација, за три пати повеќе отколку претходно што се работело, истакна министерот Николоски.
Тој додаде дека активно се работи и на изградба на експресниот пат Градско -Дреново кој се очекува да се пушти за сообраќај до Нова година, како и на изградба на експресниот пат од Дреново до Фариш кој се очекува да се заврши и да се пушти за сообраќај на пролет следната година.

“Решивме да не правиме калкулации и да работиме. Експресниот пат беше пред раскинување на договорот, имајќи предвид дека овој патен правец се работи со средства од ЕУ и средства од буџетот.  Една и пол година не била формирана комисија со што се соочувало да се раскине договорот, изведувачот да оди на арбитража и со голем можност да ја добие арбитражата. Комисијата ја формиравме, ги надминавме проблемите и активно се работи на неговата изградба и очекувам до Нова година да биде завршена првата фаза до Дреново, а од Дреново до Фариш да биде завршен напролет следната година, истакна министерот Николоски.

Тој најави дека следната година ЈП за државни патишта ќе избере изведувач за доизградба на експресниот пат од Фариш до Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...

Пари: Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте најголеми компании во Прилеп

Во Прилеп 44% работата во индустријата, останатите во локалната еконоија. Секој десетти прилепчанец обезбедува плата кај некоја од десетте компании – најголеми работодавачи ( Гентерм, Мермер, Витаминка…. ) Нивните колективи минатата година броеле 6.623 лица што, пак, е околу 44 насто од сите вработени во градот, пишува  pari.com.mk чии целот...