Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Наредната година ќе се реализира проектот „Купи куќа за млади” најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

“Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот “Купи куќа за млади” кој што треба да овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови.  Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат подршка и помош за сопствен дом” -изјави министерот Николоски.

Тој денеска се обрати на настанот во организација на Сојузот на стопански комори поврзан со иновативни решенија за паметни домови.

“Иновативните предлози значат забрзување на стопанскиот и економскиот раст. Дополнително има уште еден сегмент кој се однесува на дуалното образование и мислам дека тоа е клуч за генерациите што доаѓаат и нешто што треба да даде нова можност за македонската економија. Тука ги вклучуваме и иновативните решенија во однос на начинот на градење и изведба на објекти. Ние како Влада стоиме на располагање со цел да дадеме подршка на вакви иницијативи,“ истакна министерот Николоски.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Промена на ул.“Александар Македонски„ со спуштени ивичњаци и нивелирани шахти

По барање на жителите, институциите и деловните субјекти кои се наоѓаат на улицата „Александар Македонски“, реализираи се корективни зафати на патната инфраструктура. Иако, улицата беше изградена минатата година, во пракса се покажало дека поставените ивичњаци го отежнуваат паркирањето и создаваат пречки во секојдневното функционирање на овој дел од градот.  “

Каде и кога ќе нема струја во Општина Прилеп?!

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА е предвидено за утре, на 11.03.2026 год. (Среда) од 09.00 ч. до 11.00 часот на дел од ул. ,,Ѓорче Петров”. А, ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ на ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА се предвидени и на (17.03.2026 год. идниот (Вторник) од 06.30 ч. до 10.30 часот ќе има и во населени...

Не’ очекува ли ценовен шок со растот на цената на нафтата?!

Растот на цените на енергенсите на светските пазари повторно го отвора прашањето за нивното влијание врз инфлацијата во Македонија. Економистите предупредуваат дека инфлацијата предизвикана од енергенси е особено чувствителна, бидејќи ги погодува речиси сите сектори од економијата, транспортот, индустријата ,земјоделството, каде што горивото и енергијата се важен дел од производствените...