Николоски: Номинацијата за 13 величествени многу пријатно ме изненади(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Филип Николски е наш сограѓанин, кој Прилеп го препознава по неговиот квалитетен вокал, но и по неговата ведрина и харизматичност. Тој е номиниран на листата 13 величествени на традиционалниот избор што го прави Радио Пела според предлозите на граѓаните на Прилеп.

Минатата 2024 година беше особено успешна за него, затоа што песната „Само на добро нека е“ коа тој ја испеа и ја прикажа со прекрасен спот во 2022 година, минатата година доживеа преработка од страна на популарната македонска музичка група „Меморија“ и беше изведена на големиот концерт во Скопје, со кој групата одбележа 40 години постоење.

Може да се каже дека оваа прекрасна песна која стекна популарност меѓу македонската публика, е целосно прилепски продукт со тоа што музиката и аранжманот се на Рубин Димкоски кој сега е гитарист во групата „Меморија“, а текстот го напиша Душко Темелкоски, а во продукција на Фан продукција-Пилата.

Филип според бројот на гласовите на нашата анкета 13 величествени котира високо и се наоѓа на третото место.

Во краткиот разговор со него, тој ни ракажа за впечатоците од концертот на „Меморија“, за создавањето на песната „Само на добро нека е“ која стана хит, но ни најави и нова песна во 2025!

 

Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...