Независни: Да изградиме чесен и праведен Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Борче Чупетрески, независен кандидат за градоначалник на Прилеп поддржан од група граѓани и Иле Бачанов, носител на кандидатската листа советници Независни, денеска ја промовираа програмата пред прилепчани.

Основната цел на нашата програма за работа е да се врати достоинството на Прилеп и општината да се врати на пиедесталот од 21 виот век каде што припаѓа, посочи Чупетрески. Првите предизвици според него се подигнување на нивото на јавната чистота и безбедност, а планирани се повеќе капитални проекти: Да се фатиме во коштец со екологијата, проблемите кои што ги гледаме на секој чекор. Секаде е разфрлено ѓубре, хигиената е на минимално ниво, кучината скитници на секаде е околу нас, безбедността е намалена во секој поглед. Ова ќе бидат првите предизвици со кои што ќе се соочуваме за решавање. Тука се големите капитални проекти кои што ги ветуваме, а веќе се обезбедени инвеститори:  изградбата на поголем број паркинг-простори, паркинг-плацови, посебно затворени на речното корито и нејзиното поплочување, со поставување на солерна централа над површината на автомобилите, со која што ќе се акумулира електрична енергија и ќе се користи за осветлување на Прилеп. На таков начин, ќе ги намалиме и сметките на граѓаните, кои што ги правиќаат паушално за осветлување на Прилеп. Формирање на Агроберза која ќе биде институција како јавно-приватно партнерство заедно со општината и бизнис секторот и ќе им овозможни на земједелците да имаат организирано производство. “ рече Чупетрески.

Според програмата планирано е отворање и на асфалтна база за брзо  и ефикасно решување на инфраструктурните проблеми во Прилеп:

„Исто така, ќе се работи на проекти за купување на машини за рециклажа, на асфалтот, со кој што ќе може брзо и ефикасно да се интервенира на терен. Покрај ова има и проекти за екологијата, како што се засадување на 20.000 садници во текот на мојот мандат, токолку би го добил, тоа значи дека некаде ќе бидат по 5.000 садници годишно, за што се обезбедени средства и донација од институција во животната средина“, рече Чупетрески дополнувајќи дека голем дел од програмата е биде насочена за младите. Кога зборуваме за младите, тоа значи на генерации од 22 до 32 и 40 години. Нивните потреби не се само градинките и образование, нивните потреби се бизнисот, нивните потреби се развојот и социјалниот живот во градот. Проектираме еден фонд за млади, кој што ќе помогни во отворањето на Гринфилд проектите кои ќе бидат поддржани од страна на општината, во заедничка стратегија за развој ќе му помагаме на младите да ги започнат своите бизниси и да останат да се задржат во Прилеп, вели Чупетрески кој најави проекти за развојот на спортот како што е реконструкција на трите спортски сали во Прилеп како и  рехабилитација и реконструкција на населбата Тризла како една од болните точки во  градот

.

 Иле Бачанов, носител на советничката листа Независни издвои неколку точки кои се најважните за Прилеп:

 Заедно со мојот тим, напорно и работевме и напрививме програма за независен, пред се’ чесен и праведен Прилеп. Во нашата програма би издвоил две-три точки. Една од тие е изградба на културен младински центар, од кој културен младински центар ќе произлезе еден младински совет, кој не само формално, тука активно ќе учествува во работата на Советот на Општина Прилеп и без кој младински совет не треба да се донесе ни една одлука во Советот на Општина Прилеп. Исто така, тука би го издвоил рударството, оти имаме една парола под мотото инвеститори, а не окупатори, бидејќи нас не ги градат нашите минерални суровини и мислиме да направиме голема долгорочна стратегија за развој на економијата во Прилеп преку развој на рударството. Тука би издвоил голем еколошки дел што го спрема нашиот тим за работа, имаме голема програма кој што е опфатен спортот, реконструкција на спортските сали со што ќе внесеме нови спортови, како и формирање на Агроберза –  стратегија за земјоделецот во општина Прилеп. Пораката е да изградиме град за нашите деца, да изградиме еден чесен и праведен Прилеп, рече Иле Бачанов, носител на кандидатската листа за советници Независни за Советот на Општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нов безбеден кров на училишната спортска сала при ООУ „Климент Охридски„ – Прилеп

Спорската сала на ООУ Климент Охридски – Прилеп доби нов кров. Реконстуркцијата е реализирана со финаисика помош на Министерството за образование и наука, кое ја препозна важноста на овој објект што значително се подобрени условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштето во делот на физиката наобразба на учениците. Проектот...

(ГАЛЕРИЈА)Отворена фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“

По повод големиот национален празник во чест на светите браќа Кирил и Методиј во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани денеска беше отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески под наслов „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ во присуство на градоначалникот на Општина Кривогаштани Игор Каравилоски, претставници од Фото сојузот на...

Во Прилеп во храмот кој го носи името на сесловенските просветител Кирил и Методиј одадена почит на просветителите

Храмот „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис , кои со гордост го носи името на сесловенските пресветители, денеска со  Светата Божествена Архиерејска Литургија, посветена на споменот на  Свети Кирил и Методиј, со која чиноначалствуваште Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола и прилепските свештенослужители,  го одбележан...