Нема укинување на „Мој ДДВ“ – исплатата за третиот квартал до крајот на месецов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Иако веќе изминува месец ноември, дел од граѓаните сè уште го немаат добиено повратот од скенирање фискални сметки преку проектот „Мој ДДВ“.

Сепак од Министерството за финансии смируваат – парите ќе легнат на сметките до крајот на месецов.

Исплатата на средствата за скенирани фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот.

За третиот квартал (јули–септември), законскиот рок до кога треба да се изврши исплатата е до 30 ноември 2025 година.

Најчестите проблеми поради кои има доцнење на исплатата на средствата се поврзани со погрешно внесени или неажурирани податоци за трансакциска сметка во системот на УЈП, велат од ресорот Финансии.

Во однос на шпекулациите во јавноста дека надлежните планираат да ја укинат мерката, од Министерството за финансии немаат конкретен одговор, туку велат дека мерката е законски утврдена и продолжува да важи, а исплатите се вршат во рамките на законски предвидените рокови.

– Доколку има промени, тие ќе бидат навремено и транспарентно соопштени од надлежните институции, појаснуваат од ресорот предводен од министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а