Авто Контрол активно се вклучи во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците. Активноста е во рамките на националната кампања „Недела на пешаците“, иницирана од РСБСП, а во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Прилеп. Традиционално и овој настан беше во соработка со ученици од СОУ „Ристе Ристески“ – сообраќајна струка, како и со поддршка од претставници на Министерсвото за внатрешни работи.
„Авто Контрол Станица за технички преглед, компанија која континуирано се залага за безбеден сообраќај и одговорно учество на сите, со гордост ја поддржува оваа иницијатива и дава свој придонес во создавање побезбедна средина за сите граѓани,“ посочуваат од таму.
Целта на овие активности е подигнување на свеста за безбедноста на пешаците, почитување на правилата, за поголема внимателност во сообраќајот.









