НАДВОР ОД ДРЖАВАТА СЕ ЛЕКУВААТ 80 ПАЦИЕНТИ ПОВРЕДЕНИ ВО КОЧАНИ – пристигнале и странски тимови

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Низ болниците во странство се лекуваат уште 80 пациенти повредени во страшниот пожар во дискотеката „Плус“ во Кочани. Ова го потврдија денеска од Министерството за здравство од каде исто така информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава.

Тој согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор, по што ќе биде пуштен на домашно лекување, ако сите испитувања се во ред.

Во нашата држава веќе се пристигнати и странски тимови кои ќе им помагаат на домшаните експерти во процесот на рехабилитација на пациентите.

– Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови. Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања, ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментов на оваа клиника се хоспитализирани тројца пациенти – појаснуваат од Министерството.

Изминатото деноноќие немало згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија. Како што информираат, во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани тројца пациенти, а во „Свети Наум Охридски“ остануваат шестмина кои се хоспитализирани на одделение. На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациенти, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

– Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани – се нагласува во денешното соопштение.

 

Воедно две држави понудиле да пружат „посериозна и подолготрајна“ терапија за пациенти од пожарот во Кочани, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

– Два центри каде што работиме да биде рехабилитацијата на пациентите се: едниот Ковид-центар во ГОБ „8 Септември“ и вториот ќе биде Институтот за рехабилитација и физикална медицина во Козле. Тие ќе бидат два главни центри. Да се надеваме што помалку пациенти ќе има што ќе им треба подолготрајна рехабилитација. На тие на кои ќе им треба и посериозна и подолготрајна, веќе имаме понуди од две држави – информираше Таравари.

Доколку има многу тешки случаи, како што посочи министерот, „една од можностите е да ги испратиме во странски држави без да плати Фондот или Министерството за здравство“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НОВИ 11 ИНСПЕКТОРИ ОД УЈП И ПАЗАРНА УАПСЕНИ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Иако е започнато судењето за главните осомничени за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани со тоа не се завршени истрагите за други осомничени. Уште 11 лица – службеници, вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи (УЈП) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) – се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката

Предистрага за корупција во УЈП: Десетина инспектори суспендирани по обвинувањата поврзани со „Пулс“

— Јавното обвинителство води предистрага против десетина вработени инспектори во Управата за јавни приходи (УЈП) по сериозни обвинувања дека им давале предупредувања на сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани за претстојни даночни контроли, во замена за подароци или други бенефиции. Што стои зад сомнежите Според државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, дел од објавените пораки помеѓу

Јавна трибина во Кочани – „Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на...

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани, во рамки на проектот „ Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во Општина Кочани “, соноќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани организираше Јавна трибина на тема: „Намалување на отпадот со цел заштита на животната