На спектаклот во Бор – Чатлески против босански боксер (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како приближува моментот за вистински балкански спектакл во Бор , така расте  и желбата кај прилепскиот боксер Матеј Чатлески кој сигурно ќе сака да го докаже својот талент во овој спорт , ако се знае дека полека но сигурно прибира искуство од ваквите настани.Познат е и неговиот противник.

Професионалниот боксер Матеј Чатлески и редовен студент на “Факуктет за Електротехника и Информациски Технологии” при универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје, на 28 март ќе настапи во градот Бор, Србија, каде ќе ги одмери силите со искусниот боксер Милош Јанјанин од Босна и Херцеговина. Противникот Јанјанин е официјално одобрен од промоцијата “Balkan Boxing”, што гарантира квалитетен и сериозен меч за Чатлески. Оваа борба ќе биде испитна борба во 4 рунди, важен тест за формата и подготвеноста на македонскиот професионалец, кој чекор по чекор ја гради својата кариера на професионалната сцена. Настанот е во организација на промоцијата “Balkan Boxing”, а главен организатор е Ненад Боровчанин. Официјален фајт кард : Almir Memic (SRB) VS Iago Kiziria (GE) 6 r. Miljan Djordjevic (SRB) VS Carlos Rivero (VEN) 6 r. Marco Maric (SRB) VS Karoly Botos (HUN) 4r. Matej Chatleski(MKD) VS Milos Janjanin (BiH) 4r. Matija Radovic (MNE) VS Ivan Krivacevic(SRB) 4r. Benjamin Poturak(BiH) VS Pal Olah (HUN) 4r. Откажани се двете атрактивни борби на српските боксери Милош Јаничич и Јован Николич . Љубителите на боксот ќе можат да ги проследат борбите во живо на Arena Fight TV.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...