На 14ти „На Василица во Прилеп 2025“ кај Градскиот саат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 

Четврта година по ред на 14 ти јануари, за Василица, денот кога православните христијани ја празнуваат Православна Нова Година ќе се одржи манифестацијата „На Василица во Прилеп“ од 12 часот на платото кај Градскио саат. Традиционално ќе се служи бурек, греано вино, чај, убава музика и забава, дружење во чест на големиот празник. Организаторот Општина Прилеп се погрижи одбележувањето на празникот да биде во духот на традицијата.
За секој посетител ќе има парче бурек, а се верува дека тој што ќе го пронајде златното париче ќе има среќа цела година:

Градоначалникот Борче Јовчески упати апел до сограѓаните да бидат дел од манифестацијата:    Драги сограѓани, Со големо задоволство ве покануваме на традиционалниот настан „На Василица во Прилеп 2025“, кој ќе се одржи во вторник, на 14 јануари 2025 година, со почеток во 12:00 часот на Платото кај Градскиот саат. Дојдете заедно да го одбележиме доаѓањето на Новата Година според јулијанскиот календар! За секој посетител ќе има парче бурек, а една среќна паричка ќе го најде својот сопственик! Ве очекуваме!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кај Бешиште, мариовско сеуште гори квалитетна мешана шума

Пожарот кој што започна на 28 јуни сеуште е активен кај селото Бешиште, мариовско. Приземен пожар гори квалитетна мешана шума, известуваат од Центарот за управување со кризи во врска со состојбата со пожарите до 13 часот 05.07.2025. Покрај овој пожар денеска активни се уште три: Општина Македонски Брод, с. Црешнево,...

🚗Брза и професионална поправка и полнење на авто-клими во Авто Контрол 🚗

Време е на летни одмори  и патувања кога без исправен клима уред во автомобилот е неиздржливо и практично невозможно да се патува дури и на кратки релации. Проверете дали функционира климата и немојте да чекате за поправка или надополнување со фреон. Експресна, професионална  и најквалитетна услуга за полнење и поправка...

Моника се бори за живот, апел за помош !!!

За Моника нејзината сестра Јованка организира акција за помош со донации за лекување и терапија во борбата со агресивниот тумор. Потребни се 30 000 евра за лекувањето да продолжи во болница во Хрватска каде таа работела и и’ била дијагностицирана болеста. Сите кои сакаат да помогнат можат да донираат на...