МВР:Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци со непознати лица!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг напади и случаи на лажно претставување во име на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги известува граѓаните дека главната цел на фишинг измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите.

Овој тип на фишинг напад доаѓа во форма на СМС пораки во кои се известуваат граѓаните дека имаат наводна пратка на нивно име, за која е потребно да доплатат многу мала сума за испорака. Во СМС пораката исто така има URL линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како легитимна веб страна на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти. Преку форма за внес на податоци граѓаните ги внесуваат податоците на своите платежни картички. Обично веднаш се извршува плаќањето на првобитната сума, за после некое време да се изврши поголема трансакција. Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба. Затоа, апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара. Во последниот период, овој тип на измами заземаа друга форма каде што граѓаните се изманипулирани да инвестираат на лажни платформи за инвестирање и тргување на криптовалути. Измамата типично почнува со тоа што жртвата ќе пронајде и ќе се регистрира на наводна платформа за инвестирање и тргување со криптовалути, за подоцна да биде контактирана (најчесто телефонски) од странски телефонски броеви од страна на непознатите сторители. Сторителите се претставуваат како советници за инвестирање и финансии, и ќе отпочнат интензивна и долга комуникација со жртвите, притоа наведувајќи ги да вложуваат се повеќе финансиски средства. Во текот на комуникацијата, непознатите сторители цело време напоменуваат дека жртвата во секое време може да ги повлече уплатените финансиски средства, како и остварените добивки. Но кога ќе дојде моментот за тоа да се оствари, сторителите измислуваат разни препреки и дополнителни давачки за остварување на истото.

Со цел да се заштитат граѓаните од ваков тип на измами, Секторот за компјутерски криминал препорачува да не се отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи, да не се одговара на непознати телефонски броеви, како и да не се оставаат свои лични податоци, податоци од свои платежни картички на непознати веб страни и платформи. Исто така, доколку граѓаните пронајдат одредени платформи или сервиси за инвестирање од било каков тип, задолжително да извршат проверка на интернет за нивната легитимност и автентичност, односно дали исполнуваат одредени критериуми за меѓународна регулација за брокери.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...