МВР: Петардите не се играчка, туку се опасни по живот!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни.
Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај нивните родители, укажувајќи дека петардите не се играчки, туку опасни средства кои можат да нанесат ненадоместливи и трајни последици по здравјето на младите.
МВР презема и акциски контроли, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.
Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:
(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;
(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.
МВР во соработка со партнерите од невладините организации и други институции продолжува со активностите во оваа насока и уште еднаш апелираме да не се употребуваат пиротехнички средства.
Апел и до родителите да не им купуваат пиротехника на своите деца затоа што тоа може да има трагични последици. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или преку телефонските броеви 192 или 112.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Опомена: При објавување на Христовото воскресеније не ставајте ги свеќи на плочките и оградите на храмовите

Црквата ги моли верниците да не оставаат запалени свеќи на плочките во дворовите, по оградите на храмовите по чинот на Христовото Воскресеније . Овој чин, иако произлегува од побожност и желба за молитва, носи сериозни ризици. Опасност од пожар е една од причините, зашто запалените свеќи лесно можат да предизвикаат...

„Со Хриството воскресение ја исповедаме целата суштина и смислата на верата“ се вели во Велигденското послание на г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања. Во него Поглаварот на Македонската православан црква г.г. Стефан вели: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме...

За Ачески, великиот прилепски уметник и хроничар Камерна галерија „АЧЕ“ и монографија

Националната установа за заштита на спомениците на културата НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма го одбележаа животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче. Вечерта беше посветена на зачувувањето на колективната меморија со неколку настани: промоција на монографијата „Еден музеј на...