Музеј „Теракота“ – Виница одбележува 20 години постоење со богата дводневна програма

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска и утре, Виница е  домаќин на свеченостите по повод 20-годишниот јубилеј на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“.

По тој повод е подготвена богата програма која вклучува научна конференција, културно-уметнички настани, изложба и чествување на значајни личности од македонската култура и наука.

Прославата започна утринава во 10 часот, со научна конференција на темата „Музеите – трезори на културната меморија – предизвици и перспективи за развој“, која во моментов се одржува во салата за состаноци на „Прогресив академија“ во Виница.

Во вечерните часови, од 20 до 24 часот во „Александар Парк“, ќе се одржи свеченост со музичка програма и забава.

Настап ќе имаат учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, а ќе бидат доделени и признанија на поединци заслужни за основањето и развојот на музејот.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата „Виничко Кале“, по што ќе следуваат коктел и дружење.

Јубилејната програма продолжува и утре, среда, 3 јуни, кога во Сината сала на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, со почеток во 12 часот, ќе се одржи чествување на ликот и делото на д-р Коста Балабанов, еден од најзначајните македонски археолози и историчари на уметноста.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Заврши учебната 2025/2026 година – последно училишно ѕвонче за учениците

Денеска, 10 јуни, со последното училишно ѕвонче заврши учебната 2025/2026 година за учениците од основните и средните училишта во Кочани. По девет месеци исполнети со настава, учење, натпревари и бројни училишни активности, учениците заминаа на заслужен летен распуст. Посебно емотивен ден е за деветтоодделенците, кои го завршуваат своето основно образование и се разделуваат со своите

Хуманитарен настан во Кочани во чест на Јорданчо Џамов и загинатите ангели

  В понеделник ,15 јуни, со почеток во 19 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели. Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за

По два дена поминати дома по несреќата со трактор, 71-годишник од Драгобраште им подлегна на повредите

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното