Амфенол и Антура двигатели на кочанската економија: Вработуваат речиси половина од работниците

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Анализата на порталот Пари.мк, изработена врз основа на податоците од Бизнис Мрежа, покажува дека кочанската економија во текот на минатата година остварила вкупен приход од 453,4 милиони евра и добивка од 26,7 милиони евра.

Во 1.138 активни компании во Кочани биле ангажирани 8.933 вработени, но растот на вработеноста изнесува само 0,20 проценти.

Според анализата, најголеми работодавачи во општината се Амфенол Технолоџи и Антхура МК.

Амфенол вработува 3.163 лица, додека во Антхура работат 801 лице. Заедно, овие две компании обезбедуваат работни места за значителен дел од работоспособното население во Кочани.

Десетте најголеми компании во општината ја зголемиле вкупната вработеност од 4.527 на 4.755 лица, што претставува раст од над пет проценти.

Најголемо зголемување на бројот на вработени е забележано во Антхура МК, Алма, Амфенол, Генекс и Јумис.

Од друга страна, намалување на бројот на работници има во Руен-Инокс Автомобиле, КЈП Водовод и Данитекс, додека Техком останал на истото ниво.

Во однос на платите, највисоки примања меѓу десетте најголеми работодавачи имаат вработените во Печатница Европа 92, каде просечната плата достигнува околу 50 илјади денари. Следуваат Антхура МК со просечна плата од 42.245 денари и Генекс со речиси 41 илјада денари.

Во индустриските компании како Амфенол, Руен-Инокс и Алма просечните плати се движат меѓу 34 и 37 илјади денари, додека најниски примања има во текстилниот и трудоинтензивниот сектор, каде платите се движат од околу 22.500 до 28.000 денари.

Податоците покажуваат дека кочанската економија бележи раст на приходите и добивката, но истовремено се соочува со предизвикот на ограничен раст на вработеноста и недостиг на работна сила.

Извор: Анализа на Пари.мк базирана на податоци од Бизнис Мрежа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Заврши учебната 2025/2026 година – последно училишно ѕвонче за учениците

Денеска, 10 јуни, со последното училишно ѕвонче заврши учебната 2025/2026 година за учениците од основните и средните училишта во Кочани. По девет месеци исполнети со настава, учење, натпревари и бројни училишни активности, учениците заминаа на заслужен летен распуст. Посебно емотивен ден е за деветтоодделенците, кои го завршуваат своето основно образование и се разделуваат со своите

Хуманитарен настан во Кочани во чест на Јорданчо Џамов и загинатите ангели

  В понеделник ,15 јуни, со почеток во 19 часот во Градскиот парк во Кочани, ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели. Настанот има за цел да ги обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за

По два дена поминати дома по несреќата со трактор, 71-годишник од Драгобраште им подлегна на повредите

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното