МОНИТОРИНГ ИЗБОРИ 2025: И самите учесници често не беа едуцирани/информирани дека прават злоупотреби

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мониторингот за евентуални злоупотреби пред, за време и по завршувањето на Локалните избори 2025 се одвиваше во три категории: Користење на јавни објекти и службени возила во кампањата; Користење на јавно финансирани проекти и поврзани објави, официјални отворања и пуштање во употреба и публицитет за промоција на кандидатите и Вклученост на државните институции и носители на државни функции во кампањата.

Најчести биле злоупотребите за користење на јавни објекти и простори велат од невладините организации вклучени во теренското набљудување, во кое учествуваа и две претставнички Даниела Цветаноска и Талија Петреска од организацијата ЛАГ Агро Лидер – една од 10 те вклучени во истражувањето кое се спроведува за прв пат во Македонија.

„Многу е танка границата дали станува збор за злоупотреба или не кога се појавува на јавни настани во општините каде актуелниот градоначалник е и кандидат за градоначалник, посочува Даниела Цветаноска од ЛАГ Агро Лидер во програмата Радио што се гледа.

На пример во општина Долнени имавме случај каде што градоначалникот не се кандидираше за повторен мандат, односно неговата партија имаше друг кандидат за градоначалник и беше многу лесно да се следи цел тој процес. Во Струмица го имавме тој полесен пат, за полесно да можеме да следиме бидејќи градоначалникот не се кандидираше за друг мандат. Меѓутоа беше многу тешко во другите општини и разговаравме со нашите колеги во оние општини каде што актуелниот градоначалник беше и кандидат за градоначалник. Имаше толку поместувања на тие граници: дали се појавува на некој настан како актуелен градоначалник, дали како кандидат за градоначалник? Дали јавните функционери се појавуваат во својство да промовира некој проект што е од министерството за Општината или пак се појавуваат како партиска поддршка на кандидатот за градоначалник. Така што во некои општини е многу тешко да се следи целиот тој процес, рече Цветаноска.

Воедно и за користењето на јавните објекти и простори треба да има соодветни одлуки кои подеднакво треба да важат за сите политички партии или независни кандидати.

Дека имаше злоупотреби, да, имаше. Долнени како рурална, мултиетничка општина имаше голем број на злоупотреби и тоа во делот на користење на институции и јавен простор за одржување  на партиски митинзи, најчесто градинките, училиштата…Секогаш има и: да но, во селата и нема други јавни објекти за одржување на тие јавни собири?! Да, така е. Во селата и нема друг јавен простор, но сето тоа треба да биде добро регулирано. Директорот на училиштето е директор на јавна установа и не може на кого сака да го даде училиштето на користење, а на некој ако не сака да не го даде на корисење. Тука е злоупотребата! Доколку учиштето одлучи да се даде просторот на користење, тогаш треба да се дава на сите политички партии, ако е бесплатно тогаш треба да биде наведено дека просторот ќе го даваме бесплатно или ќе го даваме со одредена сума за наплата. И тоа, треба да биде за сите партии и за сите независни кандидати, посочи Цветаноска.   

Целиот разговор проследете го на следниот линк:

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Бугарски државјани фатени во кражба на предмети и делови од народна носија

Во Демир Хисар полиција уапсила тројца државјани на Бугарија со две возила кои биле фатени во кражба на делови од македонски народни носии кои претставуваат културно наследство:

Ученици и од прифатилиштето за кучиња, јавно повикаа на подигнување на свест за проблемот со бездомните кучиња

Некои се интересираа, а повеќето од минувачите не беа заинтересирани да чујат од учениците од СОУ „Орде Чопела“- Прилеп, од ветеринарната струка, кои правеа обид да ги информираат граѓаните за тоа како да се намали проблемот со кучињата скитници, со делење летоци и совети за важноста за грижата на милениците...

За дискриминација на тутунарите се подготвува Претставка до Уставен суд

Националната земјоделска мрежа во пресрет на законскиот рок за старт на откупот остро реагира за дискриминаторскиот однос од страна на откупните компании кон тутунопроизводителите: за непочитување на законските одредби, подредената нерамноправа положба на земјоделците и неможноста при утврдување на цените во договорите, што ќе доведе до уривање на ориенталниот тутун...