Моментно 200, а во иднина се планирани 700 корисници да добиваат бесплатни интегрирани социјални и здравствени услуги

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во присуство на преставници од Амбасадата на Австрија во Република Македонија, од  федерално Министерството  за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите, Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи -Прилеп,  Центарот за развој и едукација – Прилеп денеска ги промовираше придобивките на проектот ТРАНСАКТ,  за давање на интегрирани социјални и здравствени услуги на семејството што од 2024 година се спроведува во општините Прилеп, Кривогаштан, Долнени и Градско .

Проектот нуди бесплатни услуги од типот на медицинска сестра во домот, бесплатни физиотерапевски услуги во домот, бесплатна психолошка поддржка, поддржка од социјален работник, од специјален рехабилитатор и едукатор, логопедски услуги за граѓаните од социјален ризик и е финансиран од Австријското министерство за труд, здравство нега и заштите на потрошувачи.

„Ова е навистина еден пример од најдобра пракса на кој начин сестрите одат до дома кај луѓето,  директно во нивниот дом и им нудат одлична поддршка и помош која што наистина им е потребна“ рече Харлод Фугер, Аташе на Австриско Федерално Министерство за социјални работи, здравство нега и заштита на потрошувачите.

„Австрија го има во секој случај водството  во однос на партнерството со Македонија, меѓутоа исто така во однос на Европскиот пат на Македонија. Една од најважните работи е работата со проекти и помагање на луѓето.“, рече при оваа прилика, заменик шеф на Мисијата од Австриската Амбасада во Македонија, Матијас Хуменбергер.

Преку проектот за социјална заштита се вработени 15 лица, медицински сестри,  физиотерапевти, социјален работник психолози, специјален рехабилитатор и едукатор.

„Моментално имаме во опсек 200 корисници, меѓутоа се надеваме дека веќе како што се зголемува бројката и зависно со времетраењето на услугите кои ги нудиме, дека до септември ова бројка ќе биде околу 700 корисници  што добиле услуги од нас. Не се само услугите во домот, дополнително е поддршката со социјални пакети, на социјално загрозени семества, со храна и хигиенски помагала, кои што се обезбедуваат преку овој проект. А, дополнително ќе бидат обезбедени и други услуги, се со цел спектарот  на достапни услуги , согласно потребите на граѓаните, да биде се поширок.’ ,потенцира Марина Тошеска од Центарот за развој и едукација -Прилеп.

Проектот во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени се имплементира во соработка со Центарот за развој и едукација – Прилепи и МЦСР-Прилеп и преставува продолжување на проектот Помош и него во домот, кој што по неговото завршување премина под државна капа.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

Повторно семејно насилство во Прилеп, маж пријавил во полиција дека бил нападнат од синот и внукот:

Во недела по 13-ти пат – „Кrali Marko Trails” – трки за незаборав со митски и духовни мотиви

Над 300 учесници од 17 земји ќе земат учество на 13-то издание на „Krali Marko Trails” несекојдневен авантуристички но и спортски настан исполнет со многу предизвици за самите учесници.Околу 40 волонтери ќе помагаат при самото одржување на настанот  како и членовите од прилепскиот извиднички одред  Феникс.Околу здравјето и безбедноста на...

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...