Момент за историја – Македонија за прв пат на WBC конгресот , претставници Весна и Дарко Чатлески (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 9 декември 2024 година, во хотелот Grand Elysee во Хамбург, Германија, се одржа  овогодишниот конгрес на Светскиот Боксерски Совет (WBC). Настанот собра претставници од професионалниот бокс од 176 земји, кои се вклучени во креирањето и развојот на професионалниот бокс на глобално ниво.Претставници на Македонија на овој значаен настан беа Весна Чатлеска, претседателка на Про Бокс Македонија, и Дарко Чатлески, секретар на организацијата. Нивното присуство ја претставува кулминацијата на тимската и посветена работа на Про Бокс Македонија, која успеа да ја внесе земјата во Светскиот Боксерски Совет (WBC).

Вториот ден од конгресот започна со свечено отворање, кое беше проследено со низа состаноци поврзани со планирањето на активностите за 2025 година. Овие состаноци беа фокусирани на унапредување на боксот. Денот заврши со гала-вечера на која присуствуваа многубројни познати имиња од боксерскиот свет. Меѓу гостите на конгресот беа легендарните шампиони Владимир Кличко и Ленокс Луис, Артур Абрахам ,актуелниот шампион Теренс Крафорд, како и истакнати боксерски имиња како Себастијан и Габриела Фундора, Конор Бен, Јунто Накатани и Маријана Хуарез. Настанот претставуваше уникатна можност за вмрежување и размена на искуства помеѓу сегашните и поранешните шампиони, промотори и претседатели на организациите. Гостин на вечерта беше Турки Алал Шикт, кој доби специјална награда од WBC за неговата поддршка и придонес во развојот на боксот.

Наградата беше доделена во знак на признание за неговите напори и посветеност во промоцијата на спортот. Една од главните точки на дневниот ред беше повторниот избор на претседател на WBC. Делегатите едногласно го поддржаа актуелниот претседател Маурицио Сулејман, кој доби нов мандат за водење на организацијата, потврдувајќи ја неговата улога како лидер кој ги поставува стандардите за иднината на професионалниот бокс. Првото учество на Македонија на WBC конгресот е значаен чекор за позиционирање на македонскиот професионален бокс на меѓународната сцена. Овој успех е доказ дека преку тимска работа, посветеност и визија, Македонија може да биде важен дел од глобалното спортско семејство во професионалниот бокс. Конгресот на WBC продолжува со активности во следните денови, со акцент на унапредување на боксот и поттикнување на нови проекти за иднината на овој спорт.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Изработија 1000 мартинки за 1000 деца од градинките и за децата со посебни потреби, за денот на пролетта

На првиот ден од март, членките на Здружението „Преродба „ изработија над 1000 мартиники и им ги подарија на најмладите, децата, зачувувајќи ја древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки. Во минатото, првиот ден од месец март Македонците го славеле како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината....

Наградени над 300 ученици за освоени медали во спортските општински натпреварувања

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, денеска беа доделени плакети и стауетки на над 300 учениците од основните и средните училиштата во Прилеп, кои биле општински прваци во 20 тина колективни спортскти дисциплини, во женска и машка конкуренција,  за учебната 2025/2026 година. „Спортот ги учи младите на...

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...