Младинска крводарителска акција во СОУ „Гошо Викентиев“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани денеска во малата сала во СОУ „Гошо Викентиев “ организираше младинска крводарителска акција.
На акцијата крв даруваа 18 лица ученици и вработени во СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“, студенти и млади лица и истата се спроведе во соработка со екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Целта на акцијата е промовирање на крводарителството кај младата популација и стимулирање на младите лица активно да се вклучат во обезбедувањето на доволно количество на крвни резерви во заедницата.
Црвен крст – Кочани упатува благодарност до сите крводарители и волонтери кои дадоа свој придонес во реализација на крводарителската акција

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Хуманост, музика и сеќавање: Кочани оддаде почит на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата

Со музика, хуманост и силна порака за заедништво, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата што длабоко го потресе градот и целата јавност. Голем број граѓани присуствуваа на настанот, каде што беа организирани модна ревија, хуманитарна продажба на фустани и богата музичка програма.

Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик“

Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ

ВО ШАНГАЈ ПОЛНА САЛА И АПЛАУЗИ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „РУИНИ“ НА ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА ЗА РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.